Е-отпадот според многумина е најголемиот еколошки проблем за кој најмалку се знае. Иако доста тоа е направено на едукација на населението за опасностите од истиот, впечаток е дека премалку се знае за него. Во продолжение неколку факти и статистики за е-отпадот:
1. Во Европската Унија има забрана за оставање на електронскиот отпад на депонии. Законот кој е на сила од 1990 година ги обврзува производителите на електрична и електронска опрема да преземат одговорност за соодветниот третман на е – отпадот.
2. Катодните цевки кај постарите телевизори и комјутерски монитори содржат во просек од 1,8 до 3 килограми олово.
3. Индија, Кина и Кенија се земји кои количински најмногу рециклираат електронски отпад. Секоја година огромни количин на електронски отпад од Европа и Америка бродски се носи во овие земји каде процесот на рециклирање е попрофитабилен поради ниските еколошки стандарди и немањето закони за соодветно третирање на опасен отпад.
4. Годишно во светот околу 50 милиони мобилни телефони се заменуваат со нови. Доколку само 10% од нив се рециклираат би се намалиле емисиите на гасови еквивалентно на емисиите кои би ги креирале 1368 автомобили на годишно ниво.
5. Со оглед дека процесорската моќ на компјутерите се дуплира на секои две години, многу стари компјутери се оставени. Само 15% од нив се рециклираат, додека 85% завршуваат на депонии или во природата.
6. Електронскиот отпад преставува само 2% од севкупниот отпад на депониите низ Америика, во исто време преставува 70% од севкупните количини на токсичен отпад.
7. 300 до 400 милиони електрични апарати се одлагаат како отпад во Соединетите Американски Држави од кои само 20% се рециклираат.
8. Според UN Environment Programme секоја година во светот се генерираат речиси 50 милиони тони електронски отпад.
9. Е -отпадот содржи токсични материјали како што се жива, кадмиум, арсен, олово.
10. Е-отпадот покрај токсичните материјали содржи и и благородни материјали како што се злато, сребро, платина, паладиум.