Дали се сеќавате на моментот кога прв пат седнавте на велосипед? Учењето на возење на велосипед се уште претставува една од првите животни лекции кој што со себе носи чувство на среќа и гордост. Уживањето во возењето на велосипед донесува чувство на слобода и контрола – се возите со онаа брзина со кој што сакате да се возите, во насока која што Вие ќе ја одберете.
Но како што старееме, полека забораваме на сите овие погодности на возење на велосипед. Најчесто, возењето на велосипед го сменуваме со автомобили или пак со автобуси. Но во овој текст ќе се обидеме да Ви ги претставиме 10 причини за возење на велосипед!
- Ја подобрува физичката кондиција – возењето на велосипед е здрава физичка активност, која што може да помогне во регулацијата на телесната тежина и ги развива мускулите
- Ја подобрува здравствената состојба – редовното возење на велосипед, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и од високиот притисок. Ја зголемува издржливоста на организмот и го намалува стресот
- Штеди пари – возењето на велосипед, донесува парични заштеди, бидејќи не купувате гориво и не издвојувате пари за редовни и вонредни поправки на автомобилот. Основниот трошок кај велосипед се поврзани со редовното одржување на механизмот и на гумите.
- Послободен начин на движење – возењето на велосипед овозможува поголема мобилност на движење, отколку возењето на автомобил – можете да возите скоро на секаков терен, со брзина која што сакате, со темпо кој што Ви одговара.
- Со велосипедот можете да ја заобиколите уобичајните сообраќајни гужви и на таков начин побрзо стигнувате на саканата дестинација.
- Можете да го паркирате било каде, без плаќање на паркинг место и без страв дека ќе Ве казнат за погрешно паркирање или пак дека ќе Ве казнат за пребрзо возење. (но сепак со страв дека можеби ќе Ви го украдат)
- Не ја загадувате природната средина – возењето на велосипед не остава никакви негативни емисии на стакленички гасови за разлика од возење на автомобили.
- Ги развивате рефлексите, интуицијата и ориентацијата
- Сигурност – статистичките податоци покажуваат дека возењето на велосипед е посигурна и побезбедна за разлика од другите видови на превоз.
-
Ја запознавате Вашата околина – возењето на велосипед овозможувам максимално уживање во природата, околината која што не опкружува и свежиот воздух.
-
Возењето на велосипед ја подобрува циркулацијата и ве исполнува со енергија, која што е поодржлива за разлика од енергијата која што ќе ја добиете од кофеин.
One Comment
lovro
Apsolutno ste vo pravo i vozenje velosiped ja zastituva covekovata okolina,i kako takvo e golem trend vo Evropa i vo svetot, ostanuva golem problem kako da se osigura bezbedno parkiranje , zatoa sto nekoj tocaci se navistina skapi duri povece od 100.000den.