Пред два дена во организација на „Дебатно Кино Контра Кадар“ беше одржана проекција на филмот “Who killed the Electric Car”, каде присуствуваше нашиот колега Кирил Минанов (Е-Мобилност). И таман дискутиравме за потенцијалот и предностите на електро автомобилите прочитав една вест која што дојде како демотивација.
Небојша Матовиќ, инженер од Панчево во изјава за српскиот интернет сајт МОНДО вели да од како што од Агенцијата за безбедност на сообраќајот доби одговор кој што го чекаше две години крена раце од проектот во кој што има инвестирано околу четири илјади евра и неколку години на работа.
Инженерот од Панчево, Небојша Матовиќ за своја дипломски труд одлучи да во „половен“ пежо 205 кој што го пазари за 1000 €, наместо бензински постави електро мотор. Дополнително инвестираше уште три илјади евра и две години на интензивна работа за да направи автомобил кој што може да помини 100 километри за 14 динари (или околу 7,5 денари) но тогаш почнаа проблемите с администрацијата.
Од Агенцијата за безбедност на сообраќајот му побараа потврда на производителот дека може да го преправи возилото.
„Сега ми велат да ја пратам уште еднаш оти најверојатно ја имаа загубено. Пратив барање за испитување , но не ми се јавуваа. Политиката на Агенцијата е да не дозволува прием на заинтересирани странки па морав по пат на телефон, по пат на email, писма да ги контактирам. Кога по четвртиот пат го пратив барањето ме исконтактираа и ми побараа еден куп на работи кој што тешко можат да се исполнат“, изјави Небојша Матовиќ.
Пред два дена конечно доби одговор од Агенцијата на кој што чекаше две години.
„Во одговорот ми побараа да ги исполнам барањата кој што не може да ги исполни ниту една фабрика на автомобили. Ми побараа да по втор пат направам испитување на автомобилот, а сите испитувања ги веќе имам направено во званичната лабораторија на АМСС. Од АМСС велат дека тие го направија првиот електроавтомобил во Србија, само јас лично не знам врз основ на што тие тврдат дека се први, не се дури ни втори…. и ме интересира како тие ќе ги исполнат овие стандарди. Исто така ми побараа да ги исполнам условите кој што не се легални, а јас како поштен граѓанин ги почитувам законите, па не можев да ги исполнам. Во сите нормални држави испитувањето се завршува за еден час. Дефинитивно кревам раце од проектот, ние не сме спремни за напредок. Немам повеќе сила, нити волја да ја продолжам борбата “.
Извор: НОВИ САД ИНФО
Извор на фотографијата: МОНДО
One Comment
Игор Мишевски
Злобни коментари од лица кои не коментираат за текстот туку за начинот на кој е напишан не објавуваме. Авторот своето обрaзование го завршил во Србија и Хрватска, така да злонамерници кои истото (пишување текстови) не го знаат на српски или хрватски (немајчин јазик), можат само да ни се фатат за блогот. Блог ни е, двор ни е!