Насловот на овој натпис е всушност е четвртото барање на АМАН врз онова на кои барања оваа граѓанска иницијатива протестираше последните четири вторници. Едно од барањето на кое претходно коментирав го нема на официјалниот евент во Скопје на оваа граѓанска иницијатива, па иако стојам зад реченото, мислам дека без тоа барања, листата е поедноставна, но не пружа инвентивни решенија (ова беше едно од тие).
Владата објави оглас за избор на консултант кој (не само да ја процени вредноста на ЕЛЕМ) туку и да предложи модел по кој би се случила докапитализацијата. Што всушност значи докапитализацијата? Докапитализација е еден вид на корпоративнa реорганизација која вклучуваат значителна промена во структурата на капиталот на компанијата. Рекапитализација може да биде мотивирано од голем број причини, начјесто при услови кога компанијата е неликвидна или пак постојните акционери (во случајот на ЕЛЕМ – државата) сакаат да ги финансираат инвестициите со помош на влегување на „стратешки партнер“ кој ќе влезе во самата компанија со капитал кој ќе биде користен за „инвестиции“. Ова е сличен модел со моделот на приватизација на Телеком, иако постојат разни варијанти, сепак капиталот секогаш ќе притиска кон поголем профит!
Зошто „Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија„?
Прво, секој инвеститор има цел профит, а кој и да влезе во ЕЛЕМ, ќе инсистира на зголемен профит (како во лучајот со телеком) со што драстично би поскапиле услугите кои ги нуди но овој случај ќе нема алтернатива на ЕЛЕМ.
Второ, како business-as-usually компанија, можно е да се случи во некои периоди ЕЛЕМ да произведува струја и истата да ја продава на други корисници (зависно од договорот за докапитализација) по повисоки цени, па поради тоа ЕВН ќе мора да набави поскапа струја од друго место за корисниците во Македонија. На крај на денот обичниот граѓанин ќе добие повисоки сметки.
Трето, целата таа војска вработена во подружниците на ЕЛЕМ (РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино и хидроцентралите) ќе биде рационализирана во насока на зголемување на добивката – со друг збор отпуштања.
Која е алтернативата на продавањето/докапитализацијата на најголемата златна кокошка во Македонија:
– Изградба на Бошков мост и Луково Поле кои заедно чинат 150 милиони евра – онолку пари за колку што Владата го зголеми годинешниот буџет, а кои немаа реална намена
– Изградба на Чебрен и Галиште од страна на ЕЛЕМ, со ниско каматен кредит. Целата инвестиција чини околу 800 милиони евра (двапати колку што се даде за спомениците во Скопје 2012 – пари кои државата успеа да ги обезбеди)
– Резализација на гасификацијата во сите поголеми градови во републикава
– Подршка на мини когенеративни централи (термоелектрани-топлани) секаде каде што има потреба од топлотна енергија
– Ревизија на завршните сметки и извештаи на ЕЛЕМ, контрола на капиталот, основните средства, материјалите и фиксните трошоци (постојат нелогичности во самите извештаи) кои се причина а зголемување на цената на струјата
На крај, место за инвеститори треба да има, но не во продажба на веќе постоечките капацитети и потенцијали од државен интерес (водни потенцијали), туку во областа на обновливата енергија, бидејќи во тој дел притисокот врз еколошката и социјалната компонента ќе биде помала, а инвеститорите ќе го доијат она што го сакаат – поврат на капиталот.
One Comment
MJ
izgradbata na Boskov Most i Lukovo Pole ne bi trebalo da stoi kako opcija na ovaa lista … hidrocentralite se naogjaat vo nacionalen park, kade sto prednost ima zacuvuvanjeto na prirodata i biodiverzitetot … ova osobeno se odnesuva na Lukovo Pole, proekt planiran da se izvede vo nedoprena priroda … Za sreka, nasata zemja seuste ima nedoprena priroda koja sto treba da ja zacuva, a ne da ja unisti zaradi proekti cij efekt vrz elektroenergetskiot sistem e mal, vo sporedba so ona sto ke se izgubi …