Иако сончеви денови има се помалку и помалку, впечаток е дека и кога ги има мошне малку се искористени. За причините зошто е тоа така надолго и нашироко е пишувано и дискутирано на енергетска ефикасност. Целта на овој напис не е тоа. Целта е накусо потсетување како на неколку лесни и креативни начини да се искористи сончевата енергија. Идејата е да се покажи дека тоа може да се направи без трошење на пари или само со искористување на предмети кои се наоѓааат подома.
1. Соларен систем за загревање на вода.
Ова е веројатно наједноставниот и најевтиниот начин за загревање на вода со помош на сончевата енергија. Иако овој начин за искористување на сончевото зрачење не е со иста енергетска ефикасност како соларните панели, факт е дека не ни кошта приближно колку што кошта еден соларен панел. Единствениот трошок е дококу го купувате црното црево. Од видеото подолу може точно да се види изработката.
За превод на Македонски одете до десниот долен агол на видеото, кликнете на дугмето CC и одберете Македонски.
2. Соларен шпорет од картонска кутија.
Соларниот шпорет е исто така релативно едноставен концепт кој е доста лесен за изработка а кој во исто време може да се покажи доста практичен за време на сончевите денови. Соларниот шпорет од сликата подолу е изработен од две картонски кутии една во друга, облога од алуминиумска фолија за апсорбирање на сончевата светлина и капак од плексиглас за зачувување на топината. Според Џон Бомер кој е подпишан позади оваа иновација во неговиот соларен шпорет е доволно топло да се зготви нешто но не и да се запали картонот. Подетални информации за изработка на следниот линк.
3. Црн покрив
Дека црната боја ја апосрбира светлината не е ништо ново или нечуеано. Така црно обоен покрив би го апсорбирал секој сончев зрак во текот на денот се додека има сонце без разлика дали се работи зима или лето. Поентата е дека за еден ваков потфат не е е потребно многу размислување, планирање или договарање. Се што е потребно е црна боја, четка, скала и храброст за качување на покривот.
4. Пречистување на вода со помош на соларна енергија.
Еден од најлесните начини за да се исчити потенцијално загадена вода е со помош на пластични ПЕТ шишиња и сонце. Како што може да се види од видеото подолу водата едноставно се полни во шишињата и се изложува на сончева светлина. Околу 6 саати покасно водата е чиста за пиење. Ова е возможно благодарение на УВ зраците кои ги убиваат бактериите и паразитите. Битно е да се напомене дека шишињата мора да бидат со ознака ПЕТ од причина што другите видови пластика како и стаклото добар дел од УВ спектарот не го пропуштаат.
5. Соларен базен.
Поедноставно од прикажаното на сликата здравје! Потреба од дополнтелно објаснување за принципот на изработка и примената нема потреба. Секоја чест за досетливоста.
One Comment
Pingback: Заштедете додека грее сонце – Направете соларен шпорет од картон, бојлер.. | MKnews.mk