Во војната против тероризмот која Американски сили ја водеа во Авганистан доста често биле/се стационирани во региони каде електрична мрежа е поим кој е далечен како и самата Америка. Ако се земи во предвид дека електрична мрежа нема во поголемиот дел од Авганистан, и дека добар дел од територијата е планинска јасно е зошто Американската Армија мораше да наоѓа алтернативни извори за снабдување со електрична енергија на трупите кои се на терен, посебно на изолираните единици кај кои логистиката е голем проблем. Во почетокот биле користeни само дизел агрегати. Нередовното и отежнато снабдување со нафта се покажало како голем проблем и крајно скапо. Имено за само еден галон нафта (1 галон = 3,77 литри) да се достави до некоја од поддалечните бази во просек Армијата на САД троши во просек околу 400 долари. Според нивните статистики во просек се трошат по 20 галони нафта по војник. Со цел зголемување на енергетската ефикасност се свртиле кон сончевата енергија, т.е. кон употреба на фотоволтаици во комбинација со дизел агрегати. Во продолжение петте најбитни лекции кои Американските специјани единици ги научиле со користењето на фотоволтаични соларни панели за покривање на нивните потреби за електрична енергија:
1 Соларната енергија е поисплатлива.
Според Richard G. Kidd – заменик секретар во армијата одговорен за прашања поврзани со енергетика и одржливост; со користењето на хибридни фотоволтаици/дизел агрегати системи успеале двојно да ја намалат потрошувачката на нафта, што одприлика доаѓа 10 галони по војник. Земајќи ја во предвид веќе спомната сума која ја трошеле за транспорт ($400 по галон нафта) фотоволтаиците се исплатиле за само три месеци.
2. Соларната енергија значи помала употреба на камиони и авиони
Помалите потреби за нафта на дизел агрегатите значи помала употреба на транспортни средства за транспорт на истите. Земајќи во предвид дека се работи за воена зона каде заседите и експлозивните направи се секојдневие тоа значи и помал ризик на војниците кои го вршат траснпортот, како и можност за прераспределување на воените ресуртси на места каде има поголема потреба. Сите оние кои се запознаети подобро со воената логистика знаат колку е тоа важно со посебен осврт ако се работи за воена зона.
3. Соларната енергија влијае позитивно врз животниот век на останата опрема – дизел агрегатите.
Пред да се постават фотоволтаиците агрегатите во просек работеле со 20 до 30 проценти од нивниот капацитет. Таквиот режим на работа не нуди некоја енергетска ефикасност а и животниот век на агрегатите значително се намалува. Со имплементирањето на фотоволтаиците кои се поврзани во еден систем со дизел агрегатите се отвори можност за поефикасно искористување на дизел агрегатите кои така можеа да работат со поголем капацитет. Така фотоволтаичните панели беа вклучувани и исклучувани од микро мрежата се со цел подобрување на искористеноста на оние дизел генератори кои се во погон.
4. Соларната енергија е едноставно подобра
Земајќи во предвид дека една модерна армија зависи во голема мера од технологијата која ја користи битно е да има стабилен извор на енергија. Батериите во кои се складира енергијата која се добива од фотоволтаиците се со голем степен на доверливост. За разлика од дизел генераторите кои одвреме навреме знаат да затаат тоа речиси и да не се случува со соларната енергија. Според информациите од терен со употребата на соларна енергија се зголемила и оперативната спремност на единиците на терен.
5. Соларната енергија креира силни врски со локалните заедници.
Земајќи во предвид дека во догледно време е предвидено повлекување на Американските трупи од Авганистан предвидено е добар дел од овие хибридни постројки да бидат одстапени на локалното население. Со оглед дека во поголем број на случаеви се работи за мали села ваквиот систем може да значи светло и енергија за цело село.Така една агрегат/фотоволтаик хибридна постројка која во просек е доволна за потребите на 30 војници би била доволна за потребите на едно помало селце или некое локално школо во најмала рака.