About the author

Related Articles

13 Comments

  1. 1

    Дејан

    Дали може (бидејки викате дека има доволно ветер во Македонија) да поставите некои реални податоци (од испитувања или МАПА НА ВЕТРОВИ во Македонија), бидејки никој неможе да процени колку има ветер без мерење. Нажалост (според моите знаења) мапи на ветрови (познати и како ружа на ветрови) во Македонија некаде има некаде не но НИКОЈ НЕ ГИ ПОКАЖУВА ОФИЦИЈАЛНО. Ветер можеби има на некои места но колку е константен (постојан) тој ветер, со која брзина (максимална, минимална и најчести брзини во временски дијаграм) и доколку се постави ветерница за производство на Ел. Енергија, за колку време се исплати инвестицијата во РМ со фактот дека имаме моментално една од најниските цени на Ел. Енергија.

    1. 1.1

      Ace

      Дејан во моментот немаме да прикажиме податоци конкретни како што ти бараш. Но те уверувам дека има и дека ти се резултат на сериозни мерења на одредени микро локации. Дел од тие мерења беа изведени од експерти од електро – машински факултет од Скопје, дел од ЕЛЕМ кои имаа мерни станици на неколку локации, а дел од некои странски компании колку што сме запознаети. Од она што го имаме како информација е дека тие локации се со константен ветер преку целата година со задоволителна брзина.

  2. 2

    Perica

    Делумно се согласувам со статијата за ветерот и ветерната енергија. Го делам мислењето на Дејан во врска со недостаток на точни информации за ветер, односно неопходноста за ветерна мапа на Македонија.Прва дилема: Пред некое време разговарав со една фирма која 3 години испитува ветерни локации.Нивните сознанија беа дека константен ветер има од јужната граница до Демир Капија, поради влијанието на Егејското море.(потврда за тоа е намерата на ЕЛЕМ за изградба на ветерници кај Богданци) На другите локации најчесто се измерува повремен ветер, каде што беше спомнат и Штип.Секако не навлегував во детали, бидејќи нивната експертиза што е платена со нивни пари секако не е за јавна употреба.Значи,проценки за ветерот се потребни, стручни и од јавен карактер.Втора дилема е цената за откуп на струјата. За струја од обновливи извори треба да се добие субвенција(пример Грција). Дали Елем плаќа и колку, не знам, но уверен сум дека без добар издржан одговор на двете дилеми кои ги спомнав погоре, нема да има многу ветерници во Македонија.

    1. 2.1

      Атанасовск

      Колку што те разбрав имаш две дилеми. Едната е за можноста да се дојде до релевантни мерења за микро лкоации доколку некој сака да инвестира во ветерна енергија и втората дилема е за цената на енергијата добиена од ветер. Прво едиснтвено праку електро машински факултет можи да се добие таква информација или мапа на ветрови тие вршеа некои мерења со помош на некои странски компании или во најмала рака имаа странска донации за мерењата кои ги ивршувааа тие. Не гледам причина зошто да не достават една таква информација со оглед дека се еден вид на јавна установа и како таква се должни да ги поделат сите информации со нас граѓаните.
      Второ има субвенцонирана цена на струјата и таа изнесува 8,9 евро центи * kwh. МЕПСО го врши откупот а се прави договор со државата за таа цена.
      Мислам дека одприлика тоа се одговорите на твоите две дилеми

  3. 3

    Perica

    Благодарам за брзиот одговор,

    Ќе се обидам да контактирам со МФ Скопје за повеќе информации на темата. За одговорот секако ќе информирам тука.

    Поздрав

    1. 3.1

      zoran

      8.9 евро центи за kWh….мислам дека тоа е многу малце со оглед на тоа дека за откуп на електричната енергија од фотоволтаични централи се добива 30 евро центи а сепак е неисплатлива инвестиција…може инвестицијата за изградба на ветерници е помала, но не верувам во повраток на инвестиција со оглед на цената од 8.9 евро центи….доколку државата не превземе нешто околу откупната бенифицирана цена од обновливи извори тешко дека инвеститорите ке се одлучат да вложат во такво нешто….

      1. 3.1.1

        Атанасовск

        Цената е добра Зоран. Не ја споредувај со онаа цена за фотоволтаици затоа што опремата е многу поскапа и времето на враќање на инвестицијата е мошне големо ако таа цена е помала од тоа што е.Има многу заинтересирани за градба на ветерници. Други се работите кои се испречија на развојот на овој вид на енергија. Долгите административни процедури, проблемот со претворањето на земјоделско во градежно земјиште, лошата инфраструктура, итн. се само дел од битните работи поради коие не гледаме ветерници во Македонија. Инаку за пример во Крушево се беше спремно за градба на ветро парк ама се застана во последен момент од непознати причини. Очекувај напис на тема проблеми за развој на обновливи извори во среда или четврток многу работи ќе ти станат појасни.

  4. 4

    Илинка

    ВО ПОДРАЧЈЕТО БОГДАНЦИ ВАЛАНДОВО ПОСТАВЕНИ СЕ ИНСТРУМЕНТИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА ВЕТЕРОТ ,И ДОКАЖАНО Е ДЕКА ИСПИТУВАЊАТА СЕ ПОЗИТИВНИ ЗА ИЗГРАДБА НА ВЕТЕРЕН ПАРК .КОГА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА СО ГОДИНИ СЕ КОМЕНТИРА И НИКАКО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ИЗГРАДБА.

    .

    1. 4.1

      Атанасовск

      Сето тоа е така, но за жал се добива впечаток во државата дека некој не сака да се инвестира во обноливи извори на енергија. е сега кој тоа ги кочи процесите проценете сами. Инаку факт е дека има заинтересирани кои би инвестирале а има доволно ветар па и сонце кога сме на темата

  5. 5

    nikola

    Дејане потполно си во право, во Македонија сеуште нема доволно квалитетни податоци за параметрите на ветрот ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПОТРЕБИ (ружите на ветрови која што ти ги спомнуваш, постојат, меѓутоа тие се за метеоролошки цели, што е спосема различно од потребните параметри за енергетски цели).

    За добивање прелиминарни податоци за параметри на ветрот за енергетски цели потребни се најмалку двегодишни мерења.

    И изјавата дека во Македонија има доволно силен ветер е сосема погрешна, за изградба на ветерници не е потребен силен туку КОНСТАНТЕН ветер, кој за жал кај нас го нема. Или дува силно или воопшто не дува.

    И Александре за твоја информација мерења на ветер немаат правено факултетите во РМ туку агенцијата за енергетика.

    1. 5.1

      Атанасовск

      За тоа дека од факултетие луѓето вршеа мерења на ветропотенцијалот во Македонија имам информација од прва рака со оглед дека што имам разговарано со дел од луѓето кои го работеа тоа. За агенцијата за енергетика не знам ама мислам дека ги немаат ни човечките а ни техничките ресурси за истото. Ако го имаат нека ме извината ама јас не сум запознает со тоа. Инаку има и други странкки кои моментално вршат мерења на ветропотенцијалот во Македонија. Веќе има неколку микролокации кои се со потврден ветропотенцијал и за кои се плчанира изградба на ветропаркови. За ветропотенцијалот во Македонија е доста пишувано и секој можи да си извлечи некој сопствен заклучок. Доколку мислите дека тоа не е релевантно или не е доволно подржано со факти слободно побарајте порелевантен извор на информации.

    2. 5.2

      Предраг Стојковски

      Никола што се однесува до Вашиот став дека во Македонија само АЕ има правено мерења на параметрите на ветерот во Македонија – грешка. Само ќе го поставам овој линк https://windmacedonia.feit.ukim.edu.mk

  6. 6

    Jane

    Би било уште подобро да митовите да бидат разоткриено со конкретни податоци.

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency