Историјата е сведок на доста неверојатни работи кои се направени во име на науката и напредокот. Во продолжение неколку помалку бизарни, некои помалку смешни, некои делумно неморални работи а дури некои и оправдани кои се направени во име на заштитата на околината и енергетската ефикасност.
1. Тајнo ги снимал цимерките додека се тушираа
Филипинец (40) кој живеел и работел во Дубаи ги снимал своите цимерки со скриена камера додека тие се тушираат. Кога цимерките ги забележале камерите и им станало јасно кој ги поставил случајот го пријавиле во полиција а Филипинецот и неговата жена ги избркале од станот. Кога запрашан зошто тоа го правел тој одговорил дека само истражувал за да дознае колкави количини на вода трошат. Ако се земи во предвид дека ги снимал од 2008 година до 2012 јасно е дека станува збор за “сериозно истражување” со податоци собирани во текот на повеќе години.
2. Енергетски пијалок произведен од човечка урина
Никој друг туку лично научници од НАСА – Американската Агенција за Вселенски Истражувања се одговорни за создавање на енергетски пијалок кој се добива со рециклирање на човечка урина. Нормално тој е развиен за потребите на астронаутите кои имаат доста ограничувања во смисла на тоа што можат да однесат на своите подолги мисии. Така веројатно прашање на време е пред некој да го комерцијализира тоа и почни да произведува и продава енергетски пијалоци добиени од човечка урина.
3. Мотор кој работи на човечки измет со тоалетна шоља наместо седиште
Идејата е олеснување завреме на возењето; изметот се претвора во биогас кој потоа се користи како погонско гориво за придвижување на моторот. Сепак не е се баш така како што изгледа, тоалетната шоља која е наместена на седиштето не е функционална а изметот се дистрибуира од друг отвор. Моторот може користи секаков вид на измет, вклучително и човечки. Принципот на функционирање не е поништо ревелуционерен. Имено од изметот се добива биогас кој потоа се користи како погонско гориво за придвижување на моторот. Така моторот поминал 600 километри долга делница низ Јапонија на овој принцип со тоалетна шоља наместо седиште и голема ролна прикачена на задниот дел на моторот. Целиот проект е замислен за промоција на обновливите извори на енергија во Јапонија.
4. Рециклирање на женски градници
Ова можеби на прво слушање звучи помалку смешно ама факт е дека се работи за успешен бизнис модел. Компанија која се занимава со производство на градници во исто време се занимава и со рециклирање на стари и износени градници. Така за секој вратен градник сопственичките покрај нивната сатисфакција дека ја заштитуваат околината добиваат и одредена финансиска надокнада.
5. Мртви зајачиња како гориво за греење
Иако звучи неверојатно но со одобрение на властите во Шведска, група на професионални ловци кои се грижат за одржување на популацијата на зајаци да не се зголеми премногу својот плен го носат во посебни центри каде се дробат, сушат и се ставаат во горилници кои се користат за загревање на домови во главниот град на Шведска – Стокхолм. Во секој случај елегантно решение за Швеѓаните, не толку за зајаците.
One Comment
Lovro
Aj da napravime nesto naj normalno, za da ja zgolemime energetskata efikasnost nekoj raboti da gi merime kako sto treba, drvata da se merat vo Kg i kolku vlaga sodrzat, smetot sto go isfrlame od doma da se meri vo Kg , a ne vo m2, toplinata sto ni ja isporacuva toplifikacija da ni presmetuva vo Kcal a ne vo m2, siguren sum deka mnogu ce se zastedi , i ludeto nema da se cuvstvuvat izlazani manipulirani i slicno..