Една од поактуелните теми во овие ладни денови е како да се заштеди на греење. Заштедата пред сè се генерира преку одбирање на енергетски ефикасен систем за затоплување и соодветна изолација. Но, доколку веќе имате дома инсталирано некој систем за греење, еве неколку совети со чија помош би заштедиле енергија на системот за греење. Со оглед на ситуацијата која е присутна во моментот во Македонија со цената на парното, посебно во Скопје, високата цена на струјата која после нова година треба да биде уште повисока и цената на енергенсите, овие совети се повеќе од добредојдени.
#1 Регулирање на температура во различни простории
Топлинската удобност е прашање на навикa, но е исто така и под влијание на начинот на кој се грееме, просторијата во која се наоѓаме и секако облеката која ја носиме во таа просторија. Секоја просторија нема потреба да биде загревана под исти услови. Затоа се препорачуваат одредени температури за одредени простории со цел да се овозможи топлинска удобност. Пропорачани температури во зависност од намената на просторијата се :
- Ходник 16-18 C˚
- Спална соба 17-18 C˚
- Кујна 18-22 C˚
- Работна соба 18-22 C˚
- Дневна соба 20-23 C˚
- Купатило 20-24 C˚
#2 Намалување на амбиентална температура
Ако амбиентната температура во просторијата ја намалите за 1оC, годишно може да заштедите до 5% енергија.
#3 Исклучување на системот за греење при подолго отворање на прозорец
Загуби односно намалување на температурата, преку отварање на прозор е една од најчестите грешки за губење на енергијата. Затоа, ако го отворате прозорецот на подолго време, исклучете го системот за греење или ладење
#4 Инсталирајте термостатски вентил
Термостатскиот вентил автоматски ја регулира температурата во секоја соба каде што се наоѓа. Инсталацијата на термостатските вентили може да заштеди енергија и до 20% (во зависност од видот на термостатот и брзината на реакција). Заштедата се реализира со тоа што термостатскиот вентил сам ја регулира температурата која што му е зададена.Со него се прави заштеда до 20%.
#5 Инсталирајте собен термостат
Инсталацијата на собен термостат може да ги намали трошоците за греење од 7-15%. Програмирајте го собниот термостат кога не сте дома или за време на ноќта да биде на помала температура. Исто така, можете да го регулирате системот за греење така што ќе се гаси еден час пред да излезете од дома или пак ќе се пали половина час пред да се вратите дома (од работа, училиште, прошетка итн.). Собниот термостат ја регулира температурата во собата така што ја исклучува пумпата од котелот кога температурата ќе ја достигне саканата вредност или пак ја вклучува кога температурата во собата ќе падне под одредената вредност.
Преземено од ТЕРМО СИСТЕМ
3 Comments
nikola
Струја?
Парно?
Атанасовск
Греење на струја е најскапо во моментот (можеби поефикасно е ако пробаш да се грееш со електролитни котлиња или инфрацрвено греење кое е на струја). е сега што се однесува за парното дефинитивно не она на топлификација. Евнетуално ако имаш котел на дрва,пелети или брикети е испатливо. Исплатливоста е по тој редослед ако ги споредуваме дрвата, пелетите и брикетите.
bozidar prcovski
skapi se drvata ibriketite samo solarna energija