- Струјата не е електрична енергија
Добивте сметка за струја? Во весниците пишува струјата поскапува! На телевизија рекоа дека струјата ќе поскапи за одреден процент! Сето тоа не е така. Имено, повеќето луѓе не знаат дека машините за перење и компјутерите трошат електична енергија а не струја. Струјата може да биде еднонанасочна или наизменична и се мери во ампери. Додека електричната енергија наједноставно може да се објасни како производ од напонот x струјата x времето. Мерна единица е киловат час (kWh). На крајот на месецот ние добиваме сметка за потрошена енергија изразена во kWh а не сметка за струја изразена во ампери. Како било, изразот „го стресе струјата“ сè уште држи и не треба да се отфрла како неточен.
- Електричната енергија не може да се складира
Иако повеќето мислат дека може и дека батериите се начин за скалдирање на енергија, тоа не е целосно точно. Се работи за мали количини на хемиска енергија која се претвора во електрична енергија. Имено, цела енергетика се темели на фактот дека електричната енергија не може да се зачува за да се користи подоцна.
- Производството и потрошувачката на енергијата мора да бидат балансирани
Производството на енергија во електраните мора да биде еднакво на побарувачката. За да се постигне тој баланс во секој момент мора да работат поголемиот дел од електраните. Во случајот на Македонија, покрај работата на термоцентралите и хидроцентралите, мора да има постојан увоз на електрична енергија како би се задоволиле потребите за енергија на населението и стопанството.
- Во енергетиката се планира долгорочно
За разлика од некои други сектори каде правецот на развој се менува со појавата на некоја нова технологија и може од година до година да биде различен, кај енергетиката не е така. Во енергетиката се работи на основа на долгорочни стратешки планови за кои се грижи пред сè државата. На пример, за изградба на еден ветро-парк од старт до пуштање во употреба потребно е околу седум години. Додека за една нуклеарна централа потребни се десет или повеќе години. Севкупно енергетиката е една од најкомплексните области.
- Фотонапонските електрани се засега единствениот нов начин за производство на електрична енергија
Сите останати видови на енергија се базираат на производство на енергија на принципот да се натера турбината да се врти и од тоа да се произведе електрична енергија. Хидроцентрали, термоцентрали, ветроелектрани… сите тие се на принцип на турбина која произведува електрична енергија. Додека единствено фотоволтаиците не работат на тој принцип. Тие ја претвораат сонечвата енергија во електрична енергија. Оваа технологија се темели на принципот на фотоелекричниот ефект кој прв го приметил Хајнрих Херц а го објаснил Алберт Ајнштајн за што и добил нобелова награда. Интересно е што добил Нобелова награда за фотоелектричниот ефект, а не за теоријата на релативност.
One Comment
Igor
Фотоволтажните панели не се единствениот „нов“ начин за производство за електрична енергија.
Тука се и т.н. „горивни ќелии“ во кој хемиската енергија (најчесто водород) согорува при многу високи температури и директно се претвора во електрична енергија.
Позитивното кај горивните ќелии е што освен електричната енергија, како нус-производ се добива плазма со многу висока температура, која понатаму може да се искористи за дополнително производство на електрична енергија.