За важноста на рециклирањето доста е пишувано и доста е зборуванои за разлика од Македонија, во светот доста е преземено на ова поле. Факт е дека речиси сè може да се рециклира на еден или на друг начин. Но, исто така факт е и дека процесот на рециклирање не е секогаш исплатлив. Во продолжени листа на материјали кои не се дел од тој процес на рециклирање или често не се рециклираат со објаснување зошто е така.
1. Пластични тапи.
Тие се изработени во различни бои и ги има речиси на сите пластични шишиња. Она што е карактеристично за повеќето е што се изработени од полипропилен кој е различен од материјалот од кој се изработени самите шишиња. За да се рециклираат мора да се стопат на температура која се разликува за цели сто степени од онаа на ПЕТ шишињата. Така што мора да се рециклираат посебно од шишињата што само по себе ги комплицира работите и за оној кој сака да ги рециклира.
2. Амбалажата за сокови.
Обично кај пакувањето за сокови има пластичен омот којшто е пречка за картонот да се искористи за рециклирање. Така што при процесот на рециклирање овие видови на пакување не се земаат и се сортираат во отпад кој не може да се рециклира.
3. Стиропор.
Стиропорот го има во големи коичини насекаде околу нас. За жал стиропорот во основа е нафта, лесно запалив е и во себе содржи бензен којшто е познат карциноген. Доколу го запалите се ослободува стирен кој влијае на нервниот систем. А и впрочем,тој е така осмислен да е тешко да се распадне, а и аналогно на тоа тешко се рециклира. Токму поради тие причини рециклажните центри не го прифаќаат.
4. Картонски кутии за пица.
Повеќето луѓе мислат „како тоа не може да се рециклираат кутиите од пица кога се направено од картон?“. Тоа е така, но факт е дека тој картон е целиот со маст и масло која доаѓа од самата пица. Таков тој е тежок за рециклирање и не е исплатливо да се рециклира.
5. Керамички садови.
Факт е дека нема рециклажни центри кои рециклираат керамика, а и нема процес со кој би се рецилирала керамиката. Затоа најдобро е истата да се ре-употреби на некој начин. Пример офарбајте ја и ќе добиете оригинална саксија за цвеќиња или пак скршете ја керамиката на помали парчиња и направете мозаик од деловите.
6. Обоена хартија.
Овде логиката е како кај перењето на алишта. Доколку ги измешате разните бои на хартија, на крајот ќе испадне некоја комбинација од истите. Така што најдобро е ако сакате да извадите бела хартија, да рециклирате бела хартија.
7. Водена Хартија
Влакната на водената хартија се пократки така што се многу помалку вредни за рециклажните центри. Во принцип тие примаат само сува хартија.