Пред неколку дена цените на горивата во Македонија поскапија. Дизелот за 3 денари додека бензинот поскапи за 5 денари. Со овие цени возачите во Македонија сè поретко идат на бензински пумпи да дотураат гориво во своите автомобили/камиони. Од една страна колку е ова поскапување негативно од економски аспект, тоа е на некој начин и позитивно – се намалуваат емисиите на штетни гасови во атмосферата, а уште еден позитивен аспект е тоа дека се подобрува здравствената состојба на возачите бидејќи се принудени да повеќе пешачат.
Но, постои начин како да станете независен од ценовните удари на горивото, а истовремено e и шанса за добар бизнис – производство на домашен биодизел. Да, добро прочитавте домашно производство на гориво што можете да го ставите во резервоарот на Вашето возило и безбедно да возите. Ова производство не е ракетна наука и не е нешто невозможно. Овој процес е познат дури од 1912 година кога и самиот Рудолф Дизел изјави:„Користењето на растителни масла како гориво, денес е можеби безначајно, но во иднината ќе имаат исто толку важна улога како и фосилните горива“.
Што Ви е потребно за производство на домашен биодизел? Прво и основно е искористено растително масло (преостанатото масло од пржење), натриум хидроксид (NaOH), метанол, дестилирана вода, прецизна вага, заштитни очила и ракавици, садови, други предмети што ќе бидат опишани во текстот и се подразбира одредено количество на пари (не многу) и добра волја.
Како основна суровина за производство на биодизел се јавува веќе искористено растително масло (сончогледово, од маслодајна репка, од соја, од маслинки…). За да биде апсолутно спремно, искористеното масло прво мора да се припреми – пречисти и да се „подеси“ pH вредноста на самото масло. Кога велам пречисти се мисли на тоа да се исчисти од нечистоти. Ова обично го правиме така што искористеното масло го прелиеме од еден сад во друг низ одреден филтер (газа или некоја искористена ткаенина).
„Подесувањето“ на pH вредноста на маслото подразбира искористеното масло да има pH вредност помеѓу 8 – 9. За да ја добиеме оваа вредност, го применуваме процесот кој го нарекуваме титрација.
Постапката на титрација
- Мериме 1 грам на натриум хидроксид (NaOH)
- Мериме 1 литар на дестилирана вода
- Го растопуваме 1 грам на натриум хидроксид во дестилираната вода
- Ја означуваме мензурата „раствор NaOH /вода“
- Во посебна епрувета од 20 ml додаваме 10 ml на изопропил алкохол
- 1 ml од искористеното масло го растворуваме во тој изопропил алкохол
- Епруветата ја означуваме како „раствор масло/изопропил алкохол“
- Полека додаваме раствор NaOH /вода во раствор масло/изопропил алкохол, капка по капка
- По секоја додадена капка на растворот NaOH /вода, ја мериме pH вредноста на растворот масло/изопропил алкохол. Растворот NaOH /вода го додаваме во растворот масло/изопропил се додека не добиеме pH вредност која се движи помеѓу 8 – 9.
Утре продолжува
4 Comments
Анонимен
Све је то лепо само где да нађем, рецимо 20 литара, коришћеног уља?
Предраг Стојковски
Здраво Иво,
Пробај по ресторанима, хотелима и сакупићеш 20 литара искоришћеног уља.
Анонимен
У Србији су покривена сва места која имају коришћено уље и плаћа им се 30 центи за литар. Постројења за која ја знам раде са мање од 50% капацитета због недостатка сировина. Фабрика био дизела у Шиду је коштала преко 20 мил.€ за производњу из уљарица али је то економски не исплативо па производе јестиво уље. Иначе на сајту http://www.energoeko.weebly.com можете видети постројење које кошта пола мил.€ и има капацитет од 15т/дан.
Уља из МекДоналд ресторана у Америци (од соје) је откупио неки Кинез и може се од њега купити на велико али цена…
Анонимен
Интерено 🙂