ЕУ донесе прописи според кои до 2020 ќе се зголеми учеството на биомаса во производство на енергија за 10%. Бидејќи нема доволно свои количества на биомаса, истата ќе се увезува.
Тоа беше сигнал за инвестицискиот фонд BPI од Чешка со фамилијата Холо од Дорослов, да инвестира во Србија во фабрика за производство на агропелети од жетвените остатоци. Самата изградба на фабриката ќе почне за 10 дена. Планираниот капацитет изнесува 300 тони на агропелети на ден.
Вкупното производство на планираната фабрика во наредните 10 години е однапред пазарено од страна на Мицубиши корпорација и компанијата EON, најголеми производители на струја во ЕУ.
Вкупната површина од каде ќе се собираат жетвените отпадоци изнесува 20,000 хектари. По еден хектар може да се соберат околу 5 тони на жетвени остатоци, од кои што може да се направи приближно исто количество на агропелети. Вредноста на планираниот извоз ќе изнесува околу 9 милиони евра годишно.
Ова зголемено интересирање за биомаса во Европа се појави по катастрофата во Јапонската нуклеарна централа во Фукишима и по најавата на Германија дека ќе ја згасне својата нуклеарна програма за производство на електрична енергија.
Еве идеја за некој во Македонија да отвори свој погон за производство на агропелети.