Од 2-4 август во близина на автокампот Мрдаја – Дојран, ќе се одржи Еко музички фестивал Аларм за природата Дојран 2013. Во таа насока зборуваме со организаторите на фестивалот.
- Кажете ни нешто повеќе за самиот настан и кој се ќе земе учество на овој настан?
Аларм за природата Дојран 2013 е второ издание на Аларм за природата. Првото издание, Аларм за природата, 2010, се одржа во авто кампот Љубаништа – Охрид, од 25ти до 27ми јуни, 2010 година.
АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА ЕКО-МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ
Промовирање и поддржување на концептот за обновување и зачувување на животната средина и здравиот начин на живеење преку интересни активности (2- 4 август, во близина на авто камп Мрдаја, Дојран)
Тридневниот музички фестивал во природа, со можност за кампување, има за цел да ги извлече луѓето, пред се младите од сивилото на градскиот живот и да им ја врати љубовта и почитта спрема природата.
За време на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да проследат актуелни музички македонски групи, httpss://www.facebook.com/alarmfornature/app_162891010412392
да се сончаат, да се капат во водите, да учествуваат во разни спортски турнири.
Освен забава, посетителите ќе имаат можност да научат за рециклирањето, за обновливите извори на енергија, еколошки ресурси, производи и технологии, за органската храна, здрави животни навики кои ќе придонесат за почиста животна околина, да се запознаат и инволвираат со активностите на многу невладини организации од Европа од полето на екологијата итн.
На фестивалот, ќе има и штандови за презентирање на работата, производите и технологиите на сите оние кои работат на обновување и зачувување на животната средина и на човековото здравје.
АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА ЕКО САЕМ
На саемот ќе учествуваат невладини организации, амбасади, училишта, политички партии, компании и поединци.
1. Млади Пожарникари Волонтери – Сфера, Битола
2. Стрип центар на Македонија, Велес
3. Инк Арт Студио, Скопје
4. СОУ Св.Кирил и Методи, Неготино
5. ЗГ Асоцијација 615, Битола
6. Krug – Center for International Cultural Collaboration, London, UK
7. Гоу Грин, Скопје
8. СОУ„Ѓорче Петров“, Прилеп
9. Eколошко друштво „ТРЕСКА„ М.Брод
10. ММИ Македонска музичка индустрија, Скопје
11. Зелената арка – Скопје
12. ДОМ
13. Младите можат – Скопје
14. Асоцијација за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А.
15. Embassy of Sweden
16. Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст Струмица“.
17. Црвен Крст на РМ
Целта на еко-саемот е за зајакнување на партнерствата помеѓу клучните учесници во развојниот процес и подигање на јавната свест кај младите од сите националности во однос на одржливиот разој, заштита на животната средина, како и последиците од човековите активности (како загадувањето и глобалните климатски промени) преку ефикасни развојни активности кои се направени или ќе бидат направени за животната средина. Ќе има презентации, работилници и промо материјали за решенија и нови идеи за одржлив развој како што се рециклирањето, обновливите извори на енергија и здравите животни навики.
Пораки од зелената герила ќе можат да се видат и земат на сите инфо пултови и посебни места за време на самиот еко- музички фестивал.
- Пешачи, вози точак или користи јавен сообраќај
- Селектирај
- Рециклирај
- Биомаса – природна енергија
- Користи ја енергијата на сонцето и ветерот
- Јади локална и сезонска храна
- Купи си платнена торба, не корисити пластични ќеси
- Природата те моли не оставај го ѓубрето зад себе
- Засади дрво
- Користи ја рационално водата дома
- Штеди електрична енергија
- Купувај мудро – не биди роб на потрошувачкото општество!
- Не користи детергенти кои се произведени од фосфати!!..
- Биди фраер, фрли го ѓубрето во корпа.
- Според Вас каква е еколошката состојба во нашата држава и дали се преземаат доволни напори да се подобри еколошката состојба?
Според нас еколошката состојба во нашата држава е на задоволително ниво, ниво кога сите полека почнуваат да се грижат за неа, бидејќи некој друг тоа го бара или самите аспирации тоа го налагаат, и сме во фаза кога сите нешто работат околу таа тема но за жал свеста кај народот кај поголем број на граѓани е на ниско ниво. Забележително кај поголем број на ѓраѓани е насилно однесување кон природата: “важно ѓубрето да не ми е пред двор” , “што ми е гајле јас да си заработам сега, другото после ќе поправаме”, “има чистачи што има јас да внимавам нека чистат тие, ѓубрето ќе го фрлам каде сакам”. “Фраер сум ќе фрлам каде сакам”
Поради тоа потребно е што поголем број на културни настани како што е аларм за природата за да видат граѓаните дека е нормално, природно а и тренд е (фраерски), да се грижиш за природата.
- Кажете ни нешто повеќе за Вашата организација?
Нашата организација преку практично подобрување и развивање на граѓанското општество во Р. Македонија во областите екологија и млади, организирајќи еко музички настрани е група на луѓе од различни професии, градови кои имаат визија за едно поинакво еко “добро утро”. Созреавме после неколку години на секакво животно искуство и се случи Аларм за природата, Еко саем, од 23 до 27 јуни 2010 – развој и подигнување на свеста меѓу младите од сите националности, во смисла на одржливиот развој, заштита на животната средина, како и последиците од човековите активности (загадувањето и климатските промени) преку ефективна развојни активности направени или ќе бидат направени за животната средина.
https://www.alarmzaprirodata.mk httpss://www.facebook.com/alarmfornature/photos_stream
- Покрај оваа манифестација дали имате и други активности?
Да, имаме, за организирано дејствување и остварување на нашата цел и за да дадеме било каква иницијатива ние почнавме самостојно да делуваме на терен на места каде според нас беше најпотребно да се исчисти со години насобраното ѓубре во водата.
Секоја од акциите опфаќаше една поголема река, вклучувајќи ги сите нејзини притоки и природни или вештачки акумулации на неа. Со реализирање на нашите акции започнавме на 25ти Фебруари 2010 година. Секојдневно вклучени се 5-6 волонтери, а за викендите на припомош доаѓаат уште десетина активни членови на нашата организација и нивните најмили.
Благодариме на интрвјуто
One Comment
blagoj
Predrze sekoja cest za ova javno promoviranje. So tebe sum .Jas sum prof. po fizika ako ti trebam javise da pomognam i vklucam mladi od Tetovo. Bidimi pozdraven se najubavo za tebe i onie koj se so tebe.