Албанското министерство за економија подготви предлог-закон според кој за брзо време ќе бидат понудени на приватизација првите четири хидроцентрали.
Законот предвидува две опции: или договор за концесија или директна продажба на потенцијални купувачи на кои нема да им биде понуден удел помал од 51 отсто.
Хидроцентралите што ќе се приватизираат се Улза, Шкопет и две хидроцентрали на Бистрица со 80 мегавати инсталирана моќност, што е еднакво на 5,3 отсто од вкупното производство на Албанската корпорација за електрична енергија.
Преземено од:ИНФО +