Дали знаете што е Water footprint (Воден отпечаток)?
Сите човекови активности користат вода: за пиење, за готвење, за перење, но исто така и најмногу, за производство на храна, хартија, облека, итн. Water footprint е начин на мерење на нашата директна и индиректна употреба на водата. Water footprint е вкупниот обем на питка вода која се искористила за производство на стоки и услуги консумирани од страна на поединец или една заедница или при производниот циклус на даден бизнис.
Големи количини на вода се потребни за производство на храна
Производство на храната – од житарици, добиток, внатрешен риболов или аквакултура, шуми – бара вода. Оваа вода потекнува од врнежите (зелена вода), кои ни се на располагање или директно или преку влага се зачувана во почвите, или од повлекувањата на водотеците, мочуриштата, езерата и водонепропустливите слоеви (сина вода).
На глобално ниво 70% од сината вода повлекувања одат на наводнување. Наводнуваното земјоделство завзема 20% од вкупното обработливо земјиште, но учествува со 40% во вкупната храна произведена во светот.
За пример, потребни се околу 1500 литри вода за производство на 1 кг пченица и 10 пати повеќе за производство на 1 кг говедско месо. Производство на храна за добитокот, колење и обработка на месото, производството на млеко и други млечни производи бараат големи количества на вода. Ова го прави water footprint на производите од животинско потекло особено висок.
И производите од риба се важен извор на протеини. Производство на риба од реки, мочуришта, и езера, и сè повеќе од аквакултура, учествува со околу 25% во производството на риба во светот.
Аквакултурата е најбрзо растечка гранка во секторот за производство на храна: просечна годишна понуда на риба од аквакултура по глава на жител е зголемена со просечна стапка од 6,6% на годишно ниво помеѓу 1970 и 2008 година. Внатрешното рибарство и аквакултурата не консумираат вода, но им е потребна одредена количина и квалитетот на водата во реките, мочуриштата, езерата и утоки, па оттука се важни корисници на вода.
22 март е Светскиот ден на водата. Направи свесен напор да се намали твојот water footprint на тој ден. Избери храна со помалку вградена вода и сподели го тоа со пријателите и семејството.
Прочитај повеќе: https://www.unwater.org/worldwaterday/downloads/WWD2012_BROCHURE_EN.pdf
Извор: НВО ГРИНЕР
One Comment
Lovro
Pod hitno treba da se predlozi na vladata da prezeme merki za procistuvanje na otpadnite vodi sto se vlevat vo Vardar, koj vo ovoj moment e glavna kanalizacija za po red gradovite, Gostivar, Tetovo ,Skopje ,Veles, Stip via Bregalnica, Kumanovo via Pcinja, Kavadarci , Negotino i Gevgelija .Ne mi e jasno koj smisli galii vo kanalizacija.Makedonija mnogu brzo ce se sretne so tezok problem za proizvostvo na hrana so vodata sto se navodnuva od Vardar.