Општина Битола денес на јавноста и го претстави мултинаменскиот проект БИОФОСС за искористување на отпадот од градското зеленило и агроотпадот кој ќе го реализира со партнери од Грција, односно Технолошкиот образовен Институт од Кожани и компанијата „Детепа“ од општината Аминтео. Апликацијата е поднесена во септември 2013 година, а проектот е одобрен во април 2014.
Вкупен буџет на проектот со кој е аплицирано е 538902 евра од кои 183 502 евра се предвиден буџет за Општина Битола. Апликацијата е поднесена септември 2013 година а проектот е одобрен април 2014 година.
Со имплементирање на проектот очекуваме дирекни ефекти за Општина Битола со што многу ќе се допринесе за заштита на животната средина но и ќе се намалат трошоците за топлинска енергија за околу 30.000 евра годишно за Спортска сала Младост во Битола, ќе се добие квалитетно решение за загревање на санитарна топла вода потребна за туширање на спортистите и ќе се отворат 3 до 4 работни места.
Со реализација на проектот покрај дирекни ефекти кои веднаш даваат резултат очекуваме дека во наредните години ќе се иницира отворање на 25 до 30 нови работни места дел во производство на биомасен енергенс дел во инсталирање и одржување на опрема за искористување на биомасата како енергенс. Исто така очекуваме и подобрување на локалната економија за минимум 600.000 евра годишно од кои дел се во делот на производство на биомасата и дел во дел на заштеда за енергенс кај крајните корисници, така што со сето ова значително се допринесува за заштита на животната средина и енергетска стабилност на Општина Битола и регионот.
Паралелно со овој проект, продолжуваат и другите проекти и инвестиции во нашата општина, а со тоа и отворањето на нови работни места. На ЗК „Пелагонија“ општината им издададе дозвола за градба на две гасни централи за две краварски фарми во Логоварди и Породин. Во овие фарми ќе се врши преработка и употреба на органски отпад од растително и животинско потекло. Наскоро ќе се гради уште една млекарница во индустриската зона „Жабени“ и 4 други фабрики во кои секако ќе има нови вработувања.