Понуда за изградба на биогас инсталацијата за третман на ѓубриво. Оваа биогас инсталација е наменета за мини фарми – 30 крави.
Отпад капацитет: 480 тони кравјо ѓубриво годишно (минимум 15% сува материја).
Биогас инсталацијата се состои од биореактор/дигестор со инсталиран волумен од 100m3. Дигесторот се полни секој ден со по 1,3 m3 на ѓубриво кое што понатаму се меша со 0,3 m3 вода, континуирано 42 дена. Со ваков начин на полнење на дигесторот се овозможува континуирано производство на биогас во текот на цела година.
Технички карактеристики на дигестерот:
- Вкупниот износ на суровина на годишен ниво – 480 тони
- Годишно производство на биогас – 26.000 m3
- Дневно производство на биогас – 3.25 m3/h
- Енергетска вредност на биогасот на годишен ниво– 148.200 kWh
- Енергетскиот потенцијал на биогасот на дневен ниво – 5,7 kWh/m3/h
- Годишно производство на електрична енергија – 24.000 kWh
- Годишно производство на топлинска енергија – 124.465 kWh
Енергетска потрошувачка на инсталацијата:
- Електрична енергија на годишен ниво 3.000 kWh
- Топлинска енергија на годишен ниво 15.000 kWh
Инсталацијата вклучува:
- Биореактор – еден, волумен 100 m3 направен од инокс
- Сепаратор на вода
- Десулфуризатор
- Безбедносен контролер
- Пумпа за отпадна вода
- Цевки и вентили
Вредност на инвестицијата = 40.000 евра
Дополнителна опрема:
- Генератор 3kw = 1 600 €
- Биогас котел 31 Kw = 3 600 €
- Бојлер со капацитет од 1.000 литри, со два изменувачи за ценрално и греење на дигесторот, пумпа и сигурносен вентил = 2 800 €
- Бетонски сад за ѓубре влез со волумен од 5m3
- Бетонски сад за суровина-излез со волумен од 5m3
- Бетонска армирана подлога и поврзување
Вкупната инвестиција со дополнителна опрема = 48 000 €
По испуштањето на биореактор по ферментација процесот останува чисто биолошки ѓубрива со многу добри карактеристики за различни култури и плантажи.
Економски индикатори:
ПРИХОДИ
1. Електрична енергија – 24 MW x 150 € / MW
– Приближно годишен приход од 3 600 € годишно
2. Топлинска енергија 124 мегавати x 100 € / MW
– Приближно годишен приход од 12 400 € годишно
3. Еко цврсто ѓубриво 80тона х 100евра/тон
– Приближно годишен приход од 8 000 € годишно
Вкупно, 24.000 € годишно
Системот е подржан од страна на сопствено производство на електрична енергија
Очекувани рок на враќање на инвестицијата е 24 месеци
Гаранција период;
Биогас дигестер; 10 години
Други електрични апарати се; 1 година;
Биогас Систем за прочистување : 1 година
3 Comments
dejan
Zdravo kje mozhe da mi kazhete dali mozhe da se prikluchi generator za struja so pogolema snaga od 3kw na ovoj sistem?
Предраг Стојковски
Здраво Дејан,
Агрегатот од 3 kw е најоптимален избор за овој капацитет
Vait
?????????????