Современи дигестори
За да имаме континуирано производство на биогас во текот на цела година, во Европа се конструирани дигестори со инсталирани грејачи. Позитивните ефекти на грејачите се огледа во зголемено производство на биогас како и во подобар квалитет на ѓубривото (подобро искористување на биомасата). Овие дигестори се градат над земја, се поставуваат хоризонтално или вертикално. На сликата подолу графички приказ на современи дигестори, со подвижна или фиксна купола. Во овие дигестори се поставуваат грејачи и мешалки која што ја раздвижуваат биомасата а се со цел на зголемено производство на биогас. Покрај грејачот и мешалката во дигесторот се поставени и други мерни инструменти.
Мешалките се поставуваат за да се подобри дејството на метанските бактерии – со мешањето на масата метанските бактерии добиваат храна за да произведуваат повеќе метан. Овие мешалки можат да бидат рачни или пак електрични. Големината на мешалката зависи од самата големина на дигесторот. Брзината на мешалката се движи помеѓу 0,5 до 1 m/s.
Температурата во дигесторот треба да се движи помеѓу 32 и 36 степени Целзиусови. За греење се користи топла вода која што се добива со согорување на добиениот биогас. За подобра топлинска изолација, дигесторот се обложува со минерална волна. Самата дебелина на изолацијата се движи помеѓу 60 до 100 милиметри.
Како што рековме во првиот дел на текстот, секој дигестор треба да се наполни но исто така и да се празни. Она што се препорачува е да нивото на биомасата во дигесторот биде од 3/5 до 3/4 од висината на дигесторот со фиксна купола или до 4/5 со подвижна купола.
Произведениот гас не е чист – поточно тој во себе содржи влага и одредено количество на водород сулфид. Количество од 2 g/m3 на водород сулфид е штетен за мотори со внатрешно согорување. Нивото на влагата и на водород сулфидот е можно со користење на посебни филтри кој што во себе содржат железен оксид.