Автор на насловната фотографија: Александар Буневски
Битола на Точак!
Битола на Точак е иницијатива која цели за кревање на јавната свест во град Битола за користењето на велосипедот како урбано превозно средство кое може да се користи насекаде во нашиот град и во секоја пригода.
Главните мотиви за оваа иницијатива ни се:
– Намалувањето на загаденоста во градот
– Растеретувањето на центарот од коли
– Водење на здрав животен стил
Планирани активности:
– Ќе возиме не поради самото возење туку поради промовирање на точакот како стил на живот (24/7/365)
– Поттикнување на надлежните за изградба / обележување на безбедни места за возење точаци, поставување на паркинг места за точаци, сообраќајни знаци
– Работилници за безбедност во сообраќајот, основно одржување на личниот точак, споделување искуства со други групи кои имаат слична цел, и сл.
Повеќе информации за настанот на следниот линк: httpss://www.facebook.com/events/624621244295488/
Погледнете ја галеријата од денешниот прв настан: