Последните недели во Битола се повеќе се зборува за чист воздух – поточно за алармантните податоци за загадениот воздух. Минатата недела се отвори Фејсбук група под име „BITOLA SAKA CIST VOZDUH!!!“ која за брзо време собра околу 10.000 поддржувачи.
Активностите не застануваа па така синоќа Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина со граѓаните за состојбата со амбиенталниот воздух во Битола.
Денес, веќе е во тек конференција за медиуми на формираната Фејсбук групата, а според информациите кој што ги имаме, во најаве се и други активности кој што се насочени кон една единствена цел – намалување на загаденоста во Битола.
Насловната фотографија е објавена и снимена од страна на Дејан Петровиќ