Оваа есен Chevy Bolt драстично ќе го здрма пазарот за ЕВ и ќе ги засени сите други возила во овој сегмент.
БМВ потврди дека неговиот i3 електричен автомобил ќе добие екстра издржлив опсег за возење со надградба на батеријата во текот на оваа година. Се очекува со оваа надградба на батеријата да го зголеми возачкиот опсег дури и до 50% , кој во превод би значело околу 190 km на едно полнење.
Зборувајќи за автомобилските вести, Иан Робертсон, член на управниот одбор на БМВ АГ откри дека во 2017 година ќе се добие подобрен квалитет на литиум јонските батерии. БМВ сеуште ги нема објавено официјалните спецификации за 2017 i3 моделот, но новата батерија би додала уште 64 km што се едначи со околу 190 km. Тоа е сеуште помал возечки опсег од Chevy Bolt, но опсегот на i3 сепак ќе биди поголем од другите конкуренти како што се Nissan Leaf и VW e-Golf.
Надградбите исто така ќе се употребуваат на i3 моделот што значи дека опсегот за возење ќе достигни дури и до околу 320 km. Добрите вести се што се очекува овие надградувања да пристигнат ова лето, така да не мораме да чекаме премногу долго.