Можеби насловот ќе Ви звучи како почеток на уште еден виц за Босанци, но не е така! Имено во Тузла е регистриран првиот електричен автомобил. Овој автомобил не е произведен од страна на некој познат автомобилски концерн, туку е дизајниран и направен од страна на електро инженерот Алмир Ципурковиќ од Тузла.
Па што му текна на Алмир да направи електричен автомобил? Имено овој електро инженер секогаш на работа идеше користејќи го својот автомобил, а парите кој што ги даваше за бензин беа поголеми отколку неговите давачки за јадење. Како состојбата беше неиздржлива, Алмир се фати за работа – го извади стандардниот бензинскиот мотор од својот Тико и наместо него постави електричен мотор. Целата инвестиција го чинеше 4.000 евра, а денес тој се вози по цел ден за 15 евро центи!
„Заштедите на горивото се од 10 до 20%, а самото одржување на автомобилот се поевтино бидејќи сега автомобилот содржи само три дела, додека стариот мотор содржеше повеќе поситни механички делови кој што требаа да се одржуваат и поправаат.“
Таксистите од Тузла со отворени раце ја прифатија иновацијата.
„Првата причина е заштеда на горивото, потоа заштеда на самата регистрација на возилото, која што чини од 100 до 150 конвертибилни марки (50 – 75 евра). Немаме големи трошоци на одржување, не го менуваме маслото, филтрите и други слични работи. Другата работа е дека овој автомобил нема големи негативни влијанија на животната средина, така да сме многу заинтересирани во успехот на овој проект.„, изјави претседателот на здружението на таксисти во Тузла Неџад Бегуниќ.
Електричниот автомобил на Алмир има исти карактеристики како и другите автомобили.
„Автомобилот едно време беше под вода, на екстремно ниски температури, кога што мислевме дека батериите нема да го стартуваат автомобилот. Но на нашето изненадување видовме дека о овие екстремно ниски температури немаат големо влијание на моторот и на батериите.“, изјави Алмир.
Батериите се дизајнирани и осмислени од страна на Алмир. Истите се полнат по поминати 100 километри и се полнат 30 минути. Денес полнењето чини околу 15 евро центи, но Алмир не уверува дека цената ќе биде и поевтина – ќе се полни по пат на електрична енергија добиена од сончевите панели.
Извор: HABER
Извор на сликата: Doznajemo