Производството на електричната енергија по пат на база на сончеви панели доживува голема експанзија во Швајцарија, надминувајќи ги и најоптимистичните очекувања од страна на Владата, како и од еколошките асоцијации.
Производството на електричната енергија од сончевите панели, според податоците на швајцарската организација Alliance-Environnement остварува силен раст од 2010 година коа изнесуваше 93 гигават часови, додека во 2014 таа изнесуваше 782 гигават часови.
Според дневниот весник 20 minutes, има повеќе причини кој што ја поттикнаа експанзијата на користењето на сончевата енергија – намалени трошоци на производство на сончевите панели за околу 25% во последните 10 години но и поддршка на граѓаните бидејќи се работи за чиста енергија која што не ја загрозува природната средина а донесува дополнителни работни места.