Цената на електричната енергија во Македонија ни е позната (или барем така мислиме). Таа се движи од 3.05 денари (0.0495 ≈ 0,05 евра*) за едно тарифни бројила па до 1,90 ден (≈0.031 евра)за ниска тарифа и 3,80 ден. (≈0.062 евра) за висока тарифа. Ова се цени за домаќинства. Според голем број на граѓани овие цени се неоправдано високи, но од друга страна производителите и дистрибутерите на електричната енергија сметаат дека овие цени се ниски, па според некои изјави социјални цени. За споредба ќе кажеме дека просечната нето плата за марта 2012 во Р. Македонија изнесуваше 21.081,00 денари или 343 евра.
Но да видиме каква е цената на електричната енергија во другите поранешни држави на СФРЈ. За почеток ќе почнеме од некогаш најголемата земја членка на СФРЈ – Р. Србија. Да видиме какви се цените на електричната енергија во оваа држава. Цената на електрична енергија е различна за различен тарифен систем. За да имаме подетален преглед за тоа колкави се цените на електричната енергија погледнете ја следната табела. (Преземена и преведена од сајтот https://www.eps.rs/)
Ценовник за домаќинства (без ДДВ) – од 1. април 2011. |
|||||
Категорија |
Елементи |
Единица на мера |
Дневна тарифна ставка |
Цена во евра** |
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
|
Домаќинства |
Надомест за мерно место |
kW |
1.012 |
||
Пресметана сила |
kW |
0.268 |
|||
Активна енергија | |||||
Потрошувачи со едно тарифно мерење | Зелена зона |
kWh |
0.0373 |
||
Сина зона |
kWh |
0.0559 |
|||
Црвена зона |
kWh |
0.112 |
|||
Потрошувачи со дво тарифно мерење | Зелена зона |
kWh |
Висока |
0.0427 |
|
Ниска |
0.0106 |
||||
Сина зона |
kWh |
Висока |
0.0639 |
||
Ниска |
0.016 |
||||
Црвена зона |
kWh |
Висока |
0.128 |
||
Ниска |
0.0319 |
Овие цени се како што рековме без ДДВ. Вредноста на ДДВ во Србија е исто како и во Македонија 18%.Е сега малку да го разјасниме овој систем. Како што можеме да забележиме, различни цени важат за различни зони – зелена, сина и црвена зона. Значи потрошувачите кои што се во зелена зона плаќаат една цена, додека потрошувачите кои што се во на пример црвена зона плаќаат друга цена. Како да знаеме во која сме зона? Според потрошувачката на електрична енергија. Оние кои што трошат до 350 kWh на електрична енергија се во зелена зона. Оние кои што трошат од 350 kWh до 1600 kWh се во сина зона, додека сите оние кои што трошат над 1600 kWh се во црвена зона.
Исто како и во Македонија и во Србија постои термин – Ангажирана моќност или на Српски – „Обрачунска снага„. Таа се наплатува по kW по цена од 0.268 евра.
Ниската тарифа во Србија е од 24 до 08 часови (ноќна тарифа), додека високата тарифа е од 08 со 24 часа (дневна тарифа). Во Македонија, ниската тарифа е од 13 до 16 часот и од 22 до 07 часа додека високата тарифа е од 07 до 13 часа и од 16 до 22 часа.
Останавме должни да го кажеме податокот за просечната нето плата во република Србија за март 2012 – 40.562 или според вредноста на евро на ден 31/03/2012 (111,3643) околу 364.23 евра.
Резиме:
Параметар/држава |
Македонија |
Србија |
Просечна нето плата (во евра) |
343 |
364 |
Цена на електрична енергија (во евра) | ||
Едно тарифни мерења |
0.0495 |
0.0373 – 0.112 |
Дво тарифни мерења | ||
ВТ |
0.062 |
0.0427- 0.128 |
НТ |
0.031 |
0.0106 – 0.0319 |
*61.5406 просечен курс на еврото во Македонија
***просечен курс на евро на 04.06.12. – 117,6943 динари за еден евро во Србија