Енергетиката се покажа како болна тема за британските домаќинства. Цената на струјата , амбициозните еколошки цели и зголемените стравувања за безбедноста на снабдувањето ќе бидат во основата на предизборните платформи за партиите во Велика Британија .
Темата е доста чувствителна за Британците – од 2008 година досега сметките за електрична енергија се зголеми за 68 отсто . Компаниите ова објаснуваат со направените инвестиции.
Ако лабуристите добијат следните избори кои ќе се одржат во 2015 година , ќе биде доставен план за промени , јаува Bloomberg . Меѓу идеите е замрзнување на цената на електричната енергија во рок од две години и барање за транспарентност од страна на големите компании .
Енергетските компании се спротивставуваат на промените , бидејќи тие ќе доведат до замрзнување на инвестициските планови. Во исто време британската влада има поставено амбициозна задача, до 2020 година 50% од енергијата што ја произведува да биде од алтернативни извори.
Извор: Фактор