Еден до најголемите проблеми со кој се соочува едно старт ап претпријатие е почетниот капитал. Недостатокот на почетен капитал е нешто кое значело пропаст за многу зелени проекти. Земајќи ја во предвид економската и финансиска криза која како еден вид епидемија се има раширено речиси насекаде во светот мошне тешко е да се дојди до средства посебно ако се работи за почетен капитал. Сепак пред неколку години како мало светло на крајот од тунелот се пројави трошка надеж која денес е многу повеќе од надеж. Развојот на социјалните медиуми е одговорен позади појавата на според многу феноменот што се вика Crowdfunding. Соодветен збор/термин за Crowdfunding на Македонски нема. Така без да нагаѓаме и играме игри на зборови со цел наоѓање на соодветен термина на Македонски, накусо мал опис на тоа што всушност е crowdfunding. Се работи за алатка за собирање на финансии за одреден проект/организација/кауза. При тоа како главна алатка на располагање се специјализирани веб страни за вмрежување на инвеститори и иноватори се со цел обезбедување на финансии за проектите на едните и презентација на можности за инвестирање на другите т.е. инвеститорите. Досега голем број проекти во светски рамки се имаат финансирано на ово начин, вклучително голем број на т.н. зелени проекти. Во продолжение некои од најреномираните crowdfunding веб страни:
Кикстартер е активна уште од 2009 година и може да се пофали со собрани $350 милиони од страна на повеќе од 2.5 милиони инвеститори при што се спонзорираи повеќе од 30.000 проекти.
2. Gust.com
Се работи за уште една платформа за финансирање на старт ап проекти. Правењето на профиле е исто како и кај сите социјални мрежи само што овде мора да се потрудите во што подобро светло да го презентирате проектот. Она што е сигурно е дека проектот или идејата ќе биди видена од голем борј на потенцијални инвеститори. Дали истата ќе биди исфинанасирана тоа никој со сигурност неможи да го кажи.
3. Kiva.org
Овде се работи за малку поразлина платформа за финансирање. Повеќе е за мали заеми за индивидуалци кои сакаат да започнат некој мал бизнис и имаат потреба од мала позајмица за почеток. Така да секој заинтересиран за поголеми средства слободно можи да ја прескокни kiva.org
Crowdrise е веројатно една од платформите за собирање на средства која ужива најголема репутација кај медиумите. Делумно поради тоа што голем број на непрофитни организации ја користат за собирање на средства а друг момент е поради тоа што е поддржана од голем број на савни личности како Холивудскиот глумец Едвард Нортон.
Се работи за веројатно најдобро дизајнираната crowdfunding веб страни. Се е прегледно поставено, профил се прави многу лесно во некоку чекори и се почнува одма после комплетирање на истиот.
Голем број на иноватори од Македонија имаат проблем да соберат средства за финансирање на своите проекти. Кај голем број на crowdfunding страни нема географско ограничување за тоа кој можи да аплицира за финансирање и да почни да собира пари. Така да можеби овој текст ќе биди подтик да ги презентираат своите проекти пред поголема група на заинтересирани странки. Посебно интересно би било како би поминале иноваторите од овие простори кои тврдат дека имаат измислено перпету мобиле.
One Comment
Pingback: Со crowdfunding кампања до прво енергетски независно училиште во Хрватска