Југоисточна Европа се соочува со нова енергетска криза, која што е резултат на готово двогодишен сушен период. Летната зголемена потрошувачка на електричната енергија се надоместува со увоз од Словенија, Унгарија и делумно од Бугарија.
Но доколку сушите се продолжат и во есенскиот дел на годината, тоа ќе резултира со намален водостој на реките и акумулациите, а ова ќе го загрози сигурното снабдување со електричната енергија.
Според најавите од трговците на електричната енергија, сето ова ќе резултира со зголемена цена на енергијата на регионалниот пазар, што ќе ги оптерети државните електро стопанства кои што мораат да увезуваат дополнителни количества на електрична енергија. За колку сериозна состојба се работи, ни зборува примерот на романската електро компанија „Hidroelectrica„, која што поради нискиот ниво на водата во акумулациите, мораше да ги откажи сите договори за извоз на електричната енергија.
Во меѓувреме, во Албанија, CEZ (оператер на тамошната дистрибуција), потврди дека го зголеми увозот на електричната енергија на 350 гигават часови на електрична енергија на месечен ниво. Само за споредба во јули месец Албанија има увезено 100 гигават часови.
Исто така електро стопанство на БиХ, кое е еден од најголемите регионални извозници на електрична енергија, соопшти дека производството на електрична енергија од хидро капацитет е намалено за 42%!
Аналитичарите се сложни во своите процени, дека Балканот ќе се соочи со голема енергетска криза доколку не се случат големи врнежи во 4 квартал од оваа година. Доколку ова не се случи, целите енергетски системи ќе зависат од сигурното работење на термо капацитетите. А кога се во прашање термо капацитети, во Србија е во процес ремонт на термо блоковите на нивните термо централи. Истите ќе се вратат во погон на кројот на 10 месец, кога започнува грејната сезона.