На самиот почеток на индустријализацијата на Англија, при самиот премин на мануфактурно производство, во време на Тјудорови и на Томас Мур, помеѓу 15 и 16 век, започна извоз на волна и текстил кој што беше произведен во Англија. Производството на волната и платното беше многу профитабилно, профитот беше поголем од закупот на земјоделското земјиште. Последица? Сопствениците на земјата ги истераа земјоделците кои што го плаќале закупот. Земјоделците немаа каде него да се преселат во град, каде по кусо време станаа сиромаси. „Овците ги изедоа луѓето„ пишуваше тогаш Томас Мур. Истото се случи и во Шкотска во 1792 година, која што е наречена како „година на овците„. Остана запаметено и запишано дека англиканските капиталисти не направија ништо за да ја намалат маката на нивните сограѓани, бидејќи тоа би го намалило нивните профити.
Нешто слично ни се случува и денес. Но во главна улога не се овците, туку пченката. За што се работи? Пченката е таква житна култура која што имаа голема употреба – зрното се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка…Исто така и другите делови на оваа култура имаат индустриска вредност – производство на хартија, производство на брикети или пелети…итн. Но да се вратиме на зрното. Покрај тоа што се користи како храна, од зрното се добива и етанол – алтернативно автомобилско гориво.
Последици – профитот од етанол добивен од пченката е поголем од профитот кој што го донесува зрното искористено за производство на храна. Од овие причини се повеќе ќе имаме пченка која што е наменета за производство на етанол, а се помалку ќе имаме пченка за основна добиточна или човечка исхрана. Цената на месото, млекото и јајцата ќе пораснат, (поточно веќе пораснаа не само поради сушта веќе и поради овој факт) бидејќи се поголеми количества на пченка ќе се искористат за добивање на етанол. Да маката биди поголема, етанолот може да се добие и од пченица и од други житни култури.
Оваа состојба ја поттикнува расправата – што е поважно да се произведува храна или гориво?
Во 2005 година американскиот конгрес, усвои закон кој што овозможува мешање на етанол со бензин. Последица на законот е да ¼ на произведената пченка во С.А.Д. се користи за производство на етанол. Ова е според економистите главна причина на поскапувањето на пченката од 2005 година. Денес пилињата, свињите, кравите се натпреваруваат со нов вид на „животно„ кое што троши огромни количества на пченка. Поради овој факт но и поради овогодишната голема суша, пченката достигна нова рекордно висока цена. Сточарите веќе поднесоа барање во конгресот на С.А.Д да се укини законот кој што овозможува мешање на етанолот со бензин.
Но како индустријата на производство на етанол е составен и битен дел на американската индустрија, шансите за поништување на овој закон се минимални.