Минатата недела пишувавме за тоа како се произведуваат пелетите/брикетите од лозовите прачки. Денес ќе зборуваме за тоа каков е потенцијалот на производство на пелети или пак на брикети од лозови и прачки од овоштарници. Ние веќе пишувавме за тоа дали е производство на пелети бизнис шанса или не. Денес само ќе загребеме по површината на оваа комплексна тематика.
Првин да видиме, дали Македонија има суровинска основа за производство на овој вид на пелети/брикети. Според статистичките податоци во Македонија има:
- Лозје – 20.695 хектари
- Земјоделски претпријатија и земјоделски задруги – 4.587 хектари
- Индивидуални земјоделски стопанства – 16.108 хектари
- Овоштарници – 14.469 хектари
- Земјоделски претпријатија и земјоделски задруги – 1.226 хектари
- Индивидуални земјоделски стопанства – 13.243 хектари
Според податоците кој што ги прикажавме во вчерашниот пост, количество на биомаса (лозови прачки) изнесува од 4-6 тони по хектар на лозов насад. Кај овоштарниците состојбата е поинаква. Имено различни сорти на овошје даваат различни количества на биомаса (прачки). Според истражувањата направени на школското добро на Земјоделскиот факултет „Радмиловац“ во Белград (сезона 1999/2000), добиени се следните податоци:
Сорта |
Подлога |
Сорта |
Старост на овоштарникот |
Оддалеченоста помеѓу стеблата |
Број на стебла по еден хектар |
Прачки (kg) по стебло |
Вкупно (kg) по хектар |
Праска | Виног. праска | Samerset |
4-5 |
5×4 |
500 |
5,08 |
2.540 |
Krestheven |
4-5 |
5×4 |
500 |
6,59 |
3.295 |
||
Redheven |
4-5 |
5×4 |
500 |
9,88 |
4.940 |
||
Слива | Џан. | Стенлеј |
6-7 |
5×4 |
500 |
5,79 |
2.895 |
Пожегача |
6-7 |
5×4 |
500 |
9,56 |
4.780 |
||
Јаболко | М9 | Ајдаред |
7-8 |
3,8х1,2 |
2.190 |
1,19 |
2.606 |
Јонаголд |
7-8 |
3,8х1,2 |
2.190 |
1,82 |
3.422 |
||
М26 | Ајдаред |
7-8 |
3,8х1,3 |
2.025 |
1,28 |
2.592 |
|
Јонаголд |
7-8 |
3,8х1,3 |
1.755 |
2,12 |
3.721 |
Според статистичките податоци од 2011 година во Македонија има:
Сорта |
Број на родни стебла |
Јаболко |
4.280.899 |
Слива |
1.488.587 |
Праска |
412.523 |
Па да ја видиме суровинската основа за производство на агро пелети (прачки од лозови насади, прачки од овоштарници).
Вид на насад |
Број на родни стебла/хектари за лозја |
Просечен принос на прачки во kg/стебло/хектар за лозје |
Вкупен принос на прачки во тони |
Јаболко |
4.280.899 |
1,60 |
6.849,00 |
Слива |
1.488.587 |
7,675 |
11.425,00 |
Праска |
412.523 |
7,18 |
2.962,00 |
Лозје |
20.695 |
5.000,00 |
103.475,00 |
Вкупно |
|
|
124.711,00 |
Она што е битно, доколку размислуваме за производство на пелети или пак брикети од лозови и прачки од овоштарници е кои се тоа реони во Македонија кој што имаат доволен капацитет за собирање на суровина. Сепак не е сеедно да ли погонот за производство на пелети од лозови прачки ќе го лоцирате во Битола, а суровинската основа ви е во Тиквешкиот регион.
Така на пример Кавадаречкиот регион е богат со лозје, додека на пример Преспанскиот регион е познат по производство на јаболка. Па еве да го видиме потенцијалот на Преспанскиот регион. Според статистиката, во Ресенската општина е засадено околу 2.762.754 родни јаболкови стебла. Ако едно јаболково стебло на годишен ниво дава 1,60 килограми прачки, тоа значи дека сите јаболкови овоштарници можат да дадат 4.420.406,40 килограми биомаса која што може да се искористи за производство на брикети/пелети.
Како што рековме на самиот почеток, ние само загребавме по оваа тематиката. Во овој преглед не е вклучен бројот на стебла на кајсии, цреши, лески …. кој што исто така можат да се искористат како суровина за добивање на брикети/пелети.
Се надевам дека овие информации ви беа од корист.