Природата ни покажува: таму каде што е ладно, дебелото крзно се грижи да не се губи топлината. Модерните монтажни куќи го применуваат овој принцип долг низ години. Во овој текст даваме преглед на изолациските суровини и совети на што најмногу треба да внимавате.
Дебело палто заштитува од продор на ладен воздух, или подобро кажано, од губење на топлина и тоа му е јасно на сите. Ама истото правило сеуште не се применува кога се куќите во прашање.
Модерните пасивни куќи по правило имаат многу ниска потрошувачка на енергија бидејќи се намотани со дебел топлотно изолациски слој кој не е многу скап, но може да доведе до значителни заштеди што е посебно важно во време кога цената на енергенсите постојано расте.
Законски е топлотната изолација уредена само кај новоградбите и при значајни зафати на реновирање.
Секако, во Европа, но не и во Македонија. Тоа е причина зошто архитектите водат сметка на топлотната изолација сега повеќе отколку било кога.
Производителите на готови објекти почнаа да размислуваат на ова далеку пред архитектите. Изолацијата на крововите и фасадите во тој сегмент представуваат најдобро решение.
Системите за топлотна изолација ги исполнуваат сите услови за една целина која оптимално функционира. Во внатрешноста на ѕидот се поставува изолациона материја која може да биде камена или стаклена волна или некој природен изолационен материјал како на пример пилевина, целулоза или плута. Од надворешната страна најчесто се поставува плоча од цврста пена или шперплоча.
За појачување на изолационата плоча се користи армирање и после тоа следи фасада. Во сегментот готова градња по правило се достигнува испод 0.2W/m2K. Колку е вредноста пониска, толку е подобар ефектот на топлотна изолација на ѕидот. Многу често за некој материјал се наведува ламбда која ја означува вредноста на топлотна пропустливост, а мерна единица е W/mK, но таа вредност не зависи од дебелината на топлинската изолација.
Богат избор на сировини
Синтетичките сировини за изолација воглавно на пазарот доаѓаат во облик на плочи, а два најважни производи при тоа се полиуретен полистирол. Многу раширени изолациски материјали се оние кои делимично се составени од минерал, а делимично од синтетички производи. Во таа група спаѓаат и стаклената и минералната волна.
Се повеќе луѓе посегнуваат за изолационите материјали од природни материјали. Во побарувачка се плочи за изолација од дрвени струготини кој можат да се користат на сите видови ѕидови и кровови. Освен тоа во обзир доаѓа памук, коноп, ниту кокос, овча волна и слично.
Сите тие материјали исто така се испорачуваат во облик на плочи или слободни за поставување. Поголемиот број од таканаречените изолации во себе содржат повеќе и помалку “вештачки” состојки кој спречуваат лесна запаливост и слично.
Делимично можат да содржат и заштитни материјал кој ја држи изолацијаа во целина за да не се распадне. Затоа ретко кога постои чиста еко изолација затоа што не секаде каде што пишува еко изолација има навистина еко материјали.
Добра топлотна изолација во лето
Заштитата од ладно не е се’. Алтернативните изолациони материјали како што се дрвените струготини или целулоза имаат подобра топлотна изолација преку лето што се посебно гледа кај изолациите на поткровјата.
Тој ефект често е поврзан со дебели материјали и неговата маса и неговиот капацитет на чување на топлината. Изолацијата од дрвени струготини и целулоза често кај ист волумен има поголема тежина па често, во зависност од дебелината, треба и до осум сати да топлината од надвор да продре во внатрешната просторија.
Во тој временски период веќе падната и ноќ и надвор станува поладно така да зачуваната топлина повторно излегува надвор. Затоа на основа на лабораториски тестови изолација од дрвени струготини e означена како “многу добра”. Заради ова многу произведувачи на готови објекти од вакви плочи од дрвени струготини автоматски вградуваат и ѕидови и потоа ги комбинираат со вообичаена изолација.
Дрвени струготини
Изолациски материјал од дрвени струготини се состои од дрва кои се индустриски отпадок при преработка. Зависно од начинот на производството се користат сврсни средства и средства за заштита од пожар и оштетување. Суровината се ситни и дроби.
При својата постапка со струготини се мешаат латекс и лепак и под притисок се изработуваат дрвени плочи, а во влажна постапка се мешаат со вода и додатоци во каша, се притискаат па се сушат. При тоа се користи дрвена смола за поврзување на струготини. За сечење се користи вообичаен алат.
Ваква изолација од дрвени струготини е дифузиски отворена ја регулира влагата. Тие плочи кој се импрегнираат покасно можат да послужат како компост.
- Густина на суровината: 30-270kg/m³
- Топлотна проводливост: 0,040-0,090W/(mK)
- Класа: B1 – тешко запаливо B 2 – нормално запаливо
- Облици: Плоча, дрвени струготини
- Примена: Кров, фасади(испод и напреку),плафони, основа на ѕид.
Плута
Сировина од кората на даб од кој се добива плута и делимично рециклирана плута. Се мели во облик на гранули и потоа со помош на врела пареа под притисок се пресува до ленти. Кај печената плута гранулатот се пресува во текот на експандирањето во блокови кој покасно да се сечат во плочи.
Смолата за плутата служи како сврзно сретство, а не е потребно да се додаваат сретства против запаливост. Додатоци во облик на битумен се користат за импрегнација. Изолација со плута може да се обликува со нож, а прецизно сечење по мерка е отежнато поради еластичноста на материјалот.
Плутата е многу лесна, дифузиски отворена и може да се вградува на многу места.
Освен тоа е долговечна и резистентна на киселини и скапување. Нова обработена плута може да се преработи во плочи, а може и да се компостира. Импрегнирана плута е поради уделот на битумен невозможно да се компостира, но затоа може одново да се преработи.
- Густина на суровината: 100-220 (kg/m³)
- Топлотна проводливост: 0,045-0,060 (W/mK)
- Класа: B 2 – нормално запаливо
- Облици: Импрегнирани плочи или печена плута
- Примена: кров, фасади, плафони, основа на ѕид.
Минерална волна – Стаклена и камена волна.
Стаклената волна се состои од кварцен песок, старо стакло (altglas) и варовник. Камената волна се состои од различни врсти камен како што се диабас, доломит и варовник. Се произведуваат со топење и центрифугање.
Минералната волна која се сечеше со остар нож се вградуваше пред 1996 е прогласена за канцерогена. од 1998 во Германија е дозволена само минералната волна која не е канцерогена. Овој изолациски матерјал е флексибилен и отпорен на стварање дупки како и на влијанието на UV светлината, но не е отпорен на притисок.
- Густина на суровината: 15 – 500 (kg/m³)
- Топлотна проводливост: 0,035 – 0,045 (W/mK)
- Класа: A 2 – незапаливо(стакло); A 1 – незапаливо(камен)
- Облици: ролни, плочи, каширани и некаширани
- Примена: кос кров,фасади , плафони, основа на ѕид.
Коноп
За производство се користат струготини, уситнети парчиња кора и нитки коноп. Струготините можат да се користат за изолација на пукнатини кој треба да се пополнат, а нитките служат за производство на изолациони омотачи. Влакната се врзуваат, пржат и преработуваат. Потпорните нишки доприносуваат за стабилност на обликот и ја подобруваат флексибилноста.
Додатокот на борна сол штити од запаливост, а матерјалот може да се сече со рачен или електричен тестер. Изолацијата треба да биде препуштена на стручњаци.
- Густина на суровината: 20-68 (kg/m³)
- Топлотна проводливост: 0,040-0,050 (W/mK)
- Класа: B 2 – нормално запаливо
- Облици: Ролна, струготини
- Примена: кров, фасади, плафони, основа на ѕид
ЕПС – Експандиран полистирол и цврста пена
ЕПС се добива од полистирол кој е продукт од масло, стабилизатор и сретства против запаливост. Од стирол со додавање срестсвто за пенење се добива полистиролен гранулат.
Перли во облик на стакло со третирање со водена пареа, неколкукратно се зголемуваат во волумен. После фазата на ладење, повторно се пени и настанува хомоген материјал. Блоковите кој се добиваат, се сечат во облик на плочи. Тенки плочи се сечат со скалпер, а дебели со тестер. За прецизно сечење се користи термо тестер.
Плочите се отпорн на распаѓање и влијание на UV зраци, а доколку се запалат постои опасност од испуштање на опасни материи.
- Густина на суровината: 15 – 30 (kg/m³)
- Топлотна водливост: 0,032 – 0,040 (W/mK)
- Класа: B 1 – тешко запаливо
- Облици: плочи, глатки или профилирани
- Примена: рамен/кос кров, фасади, плафони, основа на ѕид
Целулозни нишки
Целулозни парчиња настануваат со уситнување, и тоа механичко, на стара хартија. За производство на плочи се користат сврзувачки сретства и добиената смеса се пресира под влијание на водена пареа и по сушење се уситнува. За подобрување на противпожарните својства се додава борна сол.
Најчесто се користи за пополнување пукнатини при што се попрскуваат со вода, се расејуваат па се порамнуваат. Плочите многу лесно се обработуваат, но при сечење испаѓаат парчиња.
Изолацијата од целулоза е дифузно отворена, резистентна на расипување, но лесно се распаѓа под дејство на влага и од тоа треба да е добро заштитена.
Може лесно да се набави и транспортира во големи количини и при поставување се троши малку енергија.
- Густина на суровината: 30-80 (kg/m³)
- Топлотна проводливостt: 0,040-0,045 (W/mK)
- Класа: B1 – тешко запаливо; B 2 – нормално запаливо
- Облици: плочи, парчиња
- Примена: изолација на пукнатини, плафон, изолација на ѕид.