Барајќи соодветен натпис за порталот, најдов на еден интересен текст кој што зборува за демит фасада. Имено еден од читателитен тој сајт постави прашање:
„Планирам да поставам демит фасада на мојот станбен објект. Се работи за фамилијарна куќа ѕидана со гитер блокови. Мислев да поставам стиропор, но слушнав дека тоа е подобро да се направи со камена волна. Што е подобро?“
Одлука да се направи контактна фасада или популарно наречена демит фасада е озбилна одлука во секоја смисла, а пред се во финансиска смила бидејќи поставување на овој вид на фасада бара поголемо инвестирање, како за помали така и за поголеми станбени објекти. Од овие причини треба добро да се размисли за тоа кои компоненти ќе ги искористиме. Доколку и дефинитивно се одлучивте за поставување на демит фасада треба да ги знаете следните факти:
- Контактната фасада се работи еднаш во животниот век на објектот – треба да се изберат оние компоненти кој што ќе го овозможат овој факт
- Размислете за сите аспекти и за сите проблеми на објектот кој што можат да се решат со поставување на деми фасада – топлинска изолација, звучна изолација, пожарна изолација.
- Комфор – ѕидовите по поставување на изолацијата треба да „дишат“ поточно да се овозможи дифузија на водената пареа низ надворешните ѕидови.
Доколку размислувавте на ваков начин, тогаш го добивте и одговорот на прашањето – дали е подобро да се постави стиропор (EPS) или камена волна. Доколку се одлучите за камената волна ќе добиете топлинска изолација која што е на ниво на стиропор но во исто време ќе добиете и одлична звучна изолација како и одлична против пожарна заштита на ѕидовите. Ова важи доколку се изберат и други компоненти кој што се прилагодени на избраниот изолационен материјал.
И за крај во врска со дифузијата на водената пареа. Оваа карактеристика ја дефинира коефициентот µ. Во принцип што е помала вредност на овој коефициент тоа значи и подобра дифузија. Овој коефициент кај камената волна изнесува 1,2 додека кај стиропорот тој се движи помеѓу 30-40. Од оваа споредба можеме да заклучиме дека камената волна е подобар избор од стиропорот кога се однесува до дифузијата на водената пареа.
Третата компонента е секако финансиската компонента. Доколку демит фасадата се поставува според правилата без разлика дали ја користите камената волна или пак стиропорот тежината/компликованоста на поставувањето на овој фасадниот систем е иста. Но доколку се одлучите за камената волна тогаш овој систем е поскап од оние со стиропор. Според информациите на сајтот од каде што е преземен текстот, демит фасада со камена волна е дупло поскап од демит фасада со стиропор.
Она што би сакал е да ги слушнам кои се Вашите искуства со поставување на демит фасада и каков вид на изолација користевте.
Извор: Градња
2 Comments
ALEKSANDAR ...
INTERESNA TEMA …VE MOLAM AKO MOZE DA SE SPOREDI …STIROPOL I SIPOREKS ……SAKAM DA PRAVAM FASADA I SE DVOIMAM OKOLU SIPOREKS I STIROPOL …..BARAV PO INTERNET STRANTE ..I EDNOTO I DRUGOTO IMAAT DOBRI KARAKTERISTIKI …..SEPAK MOE MISELNJE MOJA MALA PREDNOST DAVAM NA SIPOREKSOT PORADI SVRSTINATA
SO POCIT
Blagoja
Siporex e materijal koj go zamenuva klasicniot supliv blok …znaci toa e materijal so koj sto se zida eden nadvoresen zid na koj pak treba da mu postavis kontaktna fasada