Денес во светот се обележува Денот на Планетата Земја. ОН ќе се обиде да ги мобилизира луѓето да создадат здрава природна средина со озеленување на градовите.
„Денес повеќе од половина од светската популација живее во градови. Бидејќи бројот на жители кој што живеат во урбани средини од година во година се зголемува, а последиците на климатските промени се сè полоши, нашите градови мораат да еволуираат“, стои во објавата на ОН.
Светската организација нагласува дека треба да се зголемат инвестициите во енергетската ефикасност и во обновливите извори на енергија, во обнова на поголеми и помали градови. ОН ги повикуваат сите жители на планетата да во наредните две години земат учество во кампањата Зелени градови кој што треба да прерасне во глобално движење кој што треба да ги забрзаат овие промени.
„Воздухот кој што го дишеме, водата која што ја пиеме и почвата од која што расти нашата храна, се дел на деликатниот глобалниот екосистем кој што полека попушта под притисокот на човечките активности. Од намалување на тропските шуми, до намалување на риби во океаните, од недостиг на вода за пиење, до забрзано намалување на разновидноста на билниот и животинскиот свет – сето ова е резултат на човечките активности“, изјави генералниот секратар на ОН Бан Ки – Мун, по повод на Денот на Планетата Земја.