На одбележувањето на овој значаен ден од еколошкиот календар, на просторот околу Школката во Градскиот парк ќе бидат поставени штандови на кои ќе се делат картички со еколошки пораки и семиња, а ќе се засадат и зимзелени садници.
Во петок, со почеток во 10 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе присуствува на одбележувањето на Денот на планетата Земја кој со поддршка на УНДП, УСАИД, Амбасадата на Шведска, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во дворот на основното училиште“Партениј Зографски” во Скопје (ул. Доситеј Обрадовиќ бб, Општина Кисела Вода).
На настанот ќе се засадуваат и дрвни садници што е во склад со овогодинешната тема на Светскиот Ден на Планетата Земја- Дрвја за планетата Земја којa има за цел да мобилизира акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарди дрвја до 2020 година – едно дрво за секој маж, жена и дете.
Извор: tocka.com.mk