Американската компанија Џенерал електрик планира да започне со изградба на најголемата светска фабрика за производство на соларни панели, за што ќе потроши 600 милиони долари.Во новата фабрика ќе работат најмалку 400 луѓе а годишно ќе се произведуваат по 80.000 соларни плочки за американските домаќинства. Компанијата не ја соопшти локацијата на новата фабрика, но известија дека моментално разгледуваат неколку локации низ САД.Соларните панели кои ги произведува Џенерал електрик се најтенки од сите панели во светот и според податоците на Националната лабораторија за обновлива енергија од Колорадо, се енергетски најефикасни. Дополнителна предност е што технологијата за производство на панелите е премногу ефтина.Соларните уреди кои ги произведува американската компанија моментално учествуваат со 15% од прометот на производи за производство на енергија на компанијата, а се проценува дека тој удел за 15 години ќе достигне 50%.
Преземено од: КАПИТАЛ