Земјоделството помина голем пат од рачната обработка на почвата. Механизацијата претставува голема помош на сите земјоделци, а во меѓувреме се работи и на автоматизација на вкупниот процес на производство на храната. Еден таков уред, кој што ги следи сите параметри на почвата се нарекува “Edyn”.
Со помош на огромна база на податоци, која што ги опфати сите видови на растенија и нивните услови за одгледување, “Edyn” го комбинира наводнувањето и прихраната. Системот е во целост автоматизиран, ја користи сончевата енергија и може да се следи по пат на мобилни апликации.
Оптималните услови за раст на билките, подразбира добра влажност на почвата, добар pH ниво како и оптимален ниво на хранливи материи во почвата. Влажноста на почвата може лесно да се одреди, но проблемот настанува кога треба да се одреди нивото на други параметри. Тука на сцената настапува “Edyn” системот кој што со помош на сензори ги проверува сите тие параметри.
Извор: efikasnost.org