Непобитен факт е дека огревното дрво е обновлив извор на енергија кој воедно е карбо-неутрално, што би значело дека испуштениот јаглероден диоксид е претходно апсорбиран од атмосферата од истото дрво кога растело и со самиот циклус не се нарушува рамнотежата на јаглерод диоксидот во атмосферата (под услов да порасне исто такво дрво на негово место). Исто така знаеме дека во Македонија, дрвата сеуште се меѓу покористените енергенси.
Бидејќи со огревното дрво може многу да се погреши еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите дрва и да добиете максимум од нив.
Неодамна пробав еден од камините на Металец-Битола, кој навистина има одлична ефикасност на горењето на дрва и заклучив дека правилното инсталирање на каминот/шпоретот и поврзувањето со оџакот е битна работа и најдобро да го направи професионалец. Откако вашиот апаратот е правилно инсталиран, горење на ефективна оган бара добро огревно дрво (со користење на вистинско дрво во вистинска колиина) и континуирано и навремено додавање на дрва. Следните практични чекори ќе ви помогнат да добиета најдобра ефикасност од вашата печка на дрва или камина.
- Огревното дрво треба да се суши на отворено преку лето најмалку 6 месеци пред горење. Правилно исушеното дрво е потемно, има пукнатини на крајот кај кората, и звучи шупливо кога ќе се удри во друго парче дрво.
- Дрво гори најдобро кога содржината на влага е помала од 20 проценти. Можете да купите мерач за тестирање на содржината на влага на вашето дрво пред да го горите, но влагата може да ја утврдите и според бојата и тежината на самото парче. Избегнувајте „тешки“ или мувлосани парчиња на дрва, тоа значи дека се многу влажни
- Дрвата секогаш сушете ги наредени уредно надвор, поддигнати од земјата и покриени само одгоре.
- Запалете го оганот со весници/хартија и суви ситни парчиња на дрва, па дури по добро разгорениот оган додајте ги поголемите парчиња дрва.
- Одржувајте го огнот силен и постојан, така ефикасноста на горењето ќе биде константно
- Одржувајте соодветно струење на воздухот, редовно отстранувајте го пепелот од печката/каминот во метален контејнер со покривка и чувајте го на отворено. Пепелот може да го растурите на некое земјиште за одгледување, бидејќи пепелта содржи минерали кои се доста потребни за растенијата.
- Доводот на воздух е доста битен елемент, и можеби еден од најзанемарениот. Имено огнот освен од горивото зависи и од кислородот од воздухот. Затоа секогаш проверувајте дали ви е чиста решетката (ако воздухот доаѓа преку неа) и дали има пристап на воздух. Континуираниот довод на воздух овозможува поголема ефикасност на горењето и развивање на повисока температура за исто врем со иста количина гориво
2 Comments
Lovro
Vo vrska so drvata, napisot e za pofalba , jas samo bi dodal bidejci imam iskustvo imam kotel za parno na drva za dva stana cenata na greenje vo odnos na Toplifikacija e za 100% po eftino, treba malku rabota ama sekoja sezona zasteduvam 800-1000evra vo sporedba da se gream preku toplifikacija .Problemot e so nabavkata na drva , nazalost kaj nas se uste drvata se prodavat na m3 so ne poznata vlaznos, a treba na KG so precizna deklaracija za koj vid na drva se raboti , dab li , buka li, bidejci i imaat razlicna toplinska moc i vlagata treba da e pod 10%.Da rascistime ni prodavat energija a”ne drva”Skoro site drvari drvata gi cuvat ne pokrieni i so sekoj dozd se vlazni minatat sezona imav golemi problemi koga dokupuvav drva bea vlazni i ne gorea a kotelot se gasese.bidejci bea mnogu vlazni..
Борис
Инетресни написи имате Игоре, интересни се за читање. И повремената мала доза на луцидност во изразувањето, го разубавува текстот.
А околу енергетската ефикасност – дали би можеле да проанализирате нешто и да се осврнете на можностите за намалување на потрошувачката на електричната енергија (според формалната логика, 10% заштеда, всушност, може да се третира како 10% новопроизведена енергија).
Посебно за можностите за заштеда кај моторите (наизменичните асинхрони моно, или трифазни електромотори) и кај разладните уреди.
Според некои податоци кои ги сретнав некаде, денес на глобално ниво, од вкупната потрошувачка на електрична енергија, помеѓу 50 и 60% отпаѓа токму на електромоторите (практично за речиси се што гледаме околу нас, во неговото производство е користен електромотор). А на разладните уреди, грубо, на глобално ниво се троши околу 18-20%.
Овие бројки и да не се баш многу точни, сепак рангот кој тие го претставуваат е тука некаде. А тоа, глобално земено, се страотно големи параметри…