Во многу домаќинства и претпријатија енергијата се користи нерационално, а месечните трошоци се непотребно високи. Новата цена на електричната енергија за крајните потрошувачи оваа година е поголема за 7,82% во споредба со претходната. Според експертите, континуираното зголемување на издатоците за електрична енергија кај домаќинствата ќе продолжи со засилен тренд и во наредните години.
Знаете ли дека можете сами да го регулирате нивото на потрошувачка на енергија, доколку користите апарати кои се енергетско ефикасни и со тоа да ги намалите месечните трошоци? Размислете и направете анализа за тоа каде најмногу се троши енергија!
ПроКредит Банка во согласност со својата стратешка ориентација за здрава животна средина и подобри услови на живеење, Ви ги претставува ЕКО кредитите за инвестиции во објекти, изолационен материјал, опрема, апарати и возила кои користат помалку енергија и го намалуваат загадувањето на околината.
Како можете да заштедите на електрична енергија?
Со ЕКО кредитот од ПроКредит Банка можете да инвестирате во проекти за реновирање во Вашиот дом или деловен простор.
Инвестиции во Вашиот дом
- Доколку сте забележале дека просториите “губат“ топлина тогаш подобра добра изолација на фасадата, ѕидовите и таванскиот простор/поткровје ќе донесе решение со кое што ќе заштедите минимум 20% нa електрична енергија и пари;
- Најмногу пари од домашниот буџет одат за греење или ладење на просториите. Инвестицијата во системи за поефикасно затоплување и ладење во домот ќе доведе до заштеда од 35% на трошоци и помало загадување на воздухот;
- Променете го начинот на кој добивате топла вода преку инсталација на енергетско ефикасни бојлери или замена на греачи;
- Променaта на старите прозорци со нови и топлотно ефикасни, заштедува до 25% енергија и пари;
- Промената на начинот на осветлување е најбрзиот начин за заштеда на пари потрошени за осветлување кое доведува до 50%-75% заштеда на електрична енергија;
- Апаратите за домаќинство изнесуваат дури 17% од потрошувачката на електрична енергија во домот.
Што да направите?
Посетете ја експозитурaта на ПроКредит Банка во Вашето соседство и побарајте го специјалистот за ЕКО кредити кој е подготвен да одговори на сите Ваши прашања.
One Comment
dimeski
Ке го ставам линкот на мојата веб-страна…