Почитувани!
Со чест и задоволство Ви го претставуваме, а воедно и Ве покануваме и вие да бидете дел од престојниот Еко музички фестивал Аларм за природата Дојран 2013.
Поттикнати од негрижата за животната средина и нејзиното секојдневно загадување, трошејќи ја како да е само за денес и само за нас, без и за момент да помислите на идните генерации и во каква состојба тие ќе ја наследат, сфативме дека е крајно време да го вклучиме алармот повторно и нешто да направиме.
Тоа и го правиме! По втор пат ги алармираме младите, поттикнувајќи ја нивната свест за екологијата и здравата животна средина.
Еко фестивалот ќе се одржи од 2-4 август во близина на автокампот Мрдаја – Дојран, заштитно лице е г-н Игор Џамбазов.