Против изградбата на две акумулации во мавровскиот крај се и познати имиња како Вајцекер, кои потпишале писмно до инвеститорите – Светската банка и ЕБОР
Над 100 научници се противат на финансирањето на хидроенергетски проекти од страна на Светската банка и Европската банка за обнова и развој. Тие сметаат дека еден од најстарите национални паркови во Европа е во опасност откако е планирана изградба на две големи хидроцентрали во Националниот парк “Маврово” со помош на меѓународни финансии.
И Светската банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планираат да ги финансираат овие проекти. Но, сега отпорот се зголемува. 119 научници од областа на животната средина од целиот свет, вклучувајќи ги и познатите имиња како што се Ернс Улрих фон Вајцекер, Михаел Суков, Георг Грабхер (научник на годината во Австрија) и голем број на експерти од Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN ) се противат на овие планови. Поддршката на научниците е во рамки на кампањата “Да го зачуваме синото срце на Европа”, започната од страна на организациите за зачувување на природата EuroNatur и Riverwatch.
Минатиот петок претседателите на Светската банка и ЕБОР добија отворено писмо од меѓународно признати научници од областа на животната средина против нивното планирано финансирање на двата проекти за изградба на хидроцентрали во Националниот парк “Маврово”. Во писмото научниците потсетуваат дека “Националните паркови се области издвоени со цел да се заштитат големите екосистеми од човечкото негативно влијание. Како такви, националните паркови се области каде се забранети големи хидроелектрани или било кои други деструктивни форми на користење на земјиштето”.
Во планинскиот пејзаж на Н.П. Маврово живеат волци, мечки и видри и растат над 1000 видови на растенија кои се наоѓаат на заштитени листи на голем број меѓународни конвенции. Неговиот најинтересен жител е балканскиот рис, подвид на евроазискиот рис. Денес постојат само околу 50 единки од овие ретки мачки, и до сега само во Н.П. Маврово постојат докази за размножување на овој вид. Градење на овие хидроенергетски проекти може да значи крај за балканскиот рис!
Но, оваа акција не е само за заштита на Националниот парк “Маврово”; овие проекти го поткопуваат начелото на заштита на националните паркови насекаде. “Овие проекти се напад врз најзначајната категорија на заштитено подрачје во Европа, односно напад врз самата трговска марка “Национален парк” како таква. Ова е уште една причина зошто треба да ги спречиме овие проекти …”, изјави Gabriel Schwaderer, извршен директор на EuroNatur.
EuroNatur и Riverwatch извршија анализа на заштитната вредност на 36000 километри реки во јужна Европа и преземаат мерки со цел да се заштитат барем најважните реки и водни површини, особено од изградбата на нови хидроцентрали. Основни области, каде што двете организации ги концентрираат своите напори, се реката Вјоса во Албанија, реката Сава во Словенија и Хрватска и Националниот парк “Маврово” во Македонија.
Georg Grabherr о понеделникот во Македонија, коалицијата на еколошки здруженија “Екологијата – Приоритет!”, коалицијата за зачувување на природата “Натура 2000” и други организации испратија “Декларација за спас на Националниот Парк Маврово” поддржана од 119 научници до премиерот м-р Никола Груевски и до Министерот за животна средина и просторно планирање д-р Абдилаќим Адеми, со апел да се повлече финансирањето на овие проекти и да се забрани нивната изградба.
Извор: Глобус
Извор на фотографијата: Рибари
One Comment
Ловро
Oдма да казам , Не се сложувам, водата секогаш оплеменувала и убеден сум дека ќе го збогати природниот свет таму каде има вода.Хидро централите се еколошки добиваме чиста еколошка природна енергија .Проблемот е со централите на фосилни горива,Проблемот е со реките што се загадени, Сава, Морава Вардар и други на Балканот, проблемот во Македонија е Вардар што нема нити еден колектор во градовите што гравитират по неговото течение заедно со притоките на Вардар, Вероватно повеке од 80% машини за перенје се изливат во него,сите отпадни води од домовите, од индустријата а за другиот отпад да не говориме , и сите ние тоа го гледаме сите се труеме и не се трудиме да најдеме решение.