Доколку ги анализираме топлинските загуби во станбените објекти кои што се изградени во текот на 60 и 70 години на минатиот век, најголемите топлински загуби се случуваат поради лошата изолираност на фасадите. Делумно поради фактот дека фасадите зафаќаат најголема површина на надворешната страна на ѕидот, а делумно и поради фактот дека тогашните прописи не бараа поставување на дополнителна топлинска изолација или таа изолација беше минимална. Исто така во тоа време почна помасовно користење на бетон, кои што е лош изолатор. Со поставување на топлинска изолација на вакви објекти, можеме да направиме големи заштеди.
Ќе прикажеме едноставен пример на стан сместен во класична бетонска зграда, без никаква топлинска изолација. Зедовме просечен стан од 60 m2, во кои што се греат две соби – дневната соба и кујната. За греење се користи термоакумулациска печка или клима уред. Зградата е сместена во јужниот дел на државата.
Се подразбира дека потрошувачката на електричната енергија варира, но зедовме просек од 54 евра месечно во време на грејната сезона.
За да ги намалиме топлинските загуби поставуваме адекватна изолација – стиропор или камена волна со дебелина од 6 cm, што е некој минимум за згради кои што немаат изолација. Со поставување на оваа топлинска изолација добиваме за 40-50% подобра топлинска заштита на станбениот објект. Во пари тоа значи дека сметката за греење наместо 54 евра ќе изнесува 32 евра или заштеда од 22 евра на месечен ниво.
Ајде ова да го пренесеме во една табела за да имаме подобар увид во исплатливост на инвестицијата:
Вредност во евра |
|
Потрошувачка неизолиран објект |
60.695,00 |
Потрошувачка со санирана фасада |
35.575,00 |
Заштеда |
25.120,00 |
Инвестиција |
147.849,00 |
Поврат на инвестицијата |
5,89 |
Според податоците, време на поврат на инвестицијата изнесува 6 години. Ако ја споредиме инвестицијата во подобра изолација со инвестирање во класично банкарско штедење тогаш подобро е да инвестираме во изолација бидејќи приносот на инвестицијата во топлинска изолација изнесува 12% а ако ги орочиме парите во банка на период од 6 години добиваме камата од максимум 4,6%.
Ако направиме пресметка за поголема зграда која што има инсталирано централно греење, тогаш инвестицијата е уште поисплатлива се враќа за период помал од 5 години.
Извор:fasade.hr
One Comment
Предраг Стојковски
Не сум крив што не го прочитавте оригиналниот текст во приложениот линк како и фајлот кој што е прикачен на истиот. Доволно е само малку, сосема малку труд да го направите тоа…..