Последните неколку месеци нашите читатели интензивно нè контактираат во врска со производство на пелети и брикети, како и каде можат да ги направат машините за истите и слично. Но брикетите/пелетите не се единствени биогорива. Покрај пелети и брикети можеме да го искористиме биогасот како енергент за греење или како енергент за производство на електрична енергија. Но, сите сме некако скептични на самиот збор „гас“. Те дали е сигурно, да не експлодира… Едноставно сигурносен аспект. Исто така, мислиме дека технологијата за производство на биогас е скапа, комплицирана итн. Мината недела спомна дека производство на електрична енергија од биогас, дека е потенцијално профитабилен бизнис. Дека е навистина тоа така ќе ви покажам преку следните видеа, кои што ги видов на следниот сајт.
Имено, пред неколку недели на српската телевизија B92, видов еден прилог за првата српска електрана на биогас. Се работи за една мини постројка од 75 kW. Вкупната инвестиција изнесуваше 200,000 евра. Вау некој ќе речи. Е сега иди убавиот дел. Производството изнесува околу 600,000 kWh на годишно ниво. Цената на kWh е 16 евро центи. Што значи дека вкупен годишен приход од продажбата на електрична енергија изнесува околу 96.ооо евра. Но, најубаво е да ги погледнете изјавите на инвеститорот и сами да заклучите дали оваа работа е исплатлива или не: