Едно од прашањата за кои голем број на луѓе се интересираат е кој е најекономичен начин за греење во Македонија. Од традиционалните видови на греење дрвото е сеуште економски најисплатливо иако со послесните цени на истото потребно е да се направат нови пресметки за да се докаже тоа. Денес поголемиот од домаќинставата се греат на дрва додека помал е бројот на оние кои се грејата на нафта, на плин, струја или мазут. Додека допрва греењето на пелети и брикети почнува да го зазема своето место како начин на загревање низ домовите во Македонија.
Сепак покрај овие видови на греење мошне малку се знае и малку е зборувано за греење со инфрацрвени грејачи за кои имаме пишувано во некои претходни текстови како и за греењето со електролитни котлиња на кое ќе се освртниме во онов напис.
За овој вид на греење нема потреба од голем котел за кој треба да обезебедите простор каде да го сметите. Не ни треба да менувате ништо на постоечките парни системи со оглед што можи лесно да се поврзи на истите.
Како функционира?
Основа на целиот процес е електролитот кој се наоѓа во електролитното котле а кој дејствува врз водата на начин што се намалува отпорот на водата. Електролитот овозможува струјата од енергенс да стане активатор на јонско цикличен електрохемиски процес при што сноповите на електрони ги бомбардираат молекулите на водата. При што доаѓа до мешање и судирање кое резултира со кршење на нивната електронска решетка при што како резултат на тоа доаѓа до ослободување на големо количество на топлина. Електролитот е долготраен и се полни само еднаш и евентуално по потреба.
Предности
– Според некои неофицијални податоци до кои дојдовме ова е убедливо најекономичен начин на греење. Поекономично и од гео-термална пумпи за кои се сметаа за најекономични.
– Системот има долг век на траење
– Тивок режим на работа
– Мали димензии на системот.
Недостатоци
Малиот број на информации кои можат да се најдат за овие системи на греење ги прави луѓето да бидат скептични за перформансите и ефикасноста на системот.
5 Comments
алек
одлично… го најдов и овој текст, вчера пишан…
поставувањето на овој систем не се мали пари, иако не се преголеми цифри, но за еден убав (би рекол поголемиот дел) од македонците сепак се големи. целиот склоп на системот воопшто не е како цена на греалка. меѓутоа тоа го диктира нашиот избор на високо квалитетни материјали и прецизноста на изработката. сето ова доведува да се каже дека монтажата на еден кано систем, во 90% од оние кои не се одлучиле т.е. неможеле да си го дозволат е токму цената. оставаме по некои 10% резерва дека сепак преовладувал скептицизмот кај некого…
Martin
ovoj sistem najmalku trosi posle eden mesec koristenje , otkako ke stigne prvata smetka za el. energija go isklucuvate i barate drugo resenie.
Potrosuvackata e kako obicen el. kotel i smesno i neupateno e da se sporeduva so toplotna pumpa a posebno so takanarecenata vo javnosta geotermalna
Александар
Малку постручно повторно.
Дестилираната вода – или чистата вода е изолатор. Тоа значи дека не спроведува струја, доколку се додаде некоја примеса почнува да спроведува струја.
За разлика од жиците каде струјата се пренесува преку електроните, кај течностите тоа е пред се задача на јоните (молекули кои имаат негативно или позитивно полнење) заради тоа што се неколку илјади пати подоголеми од електроните истите многу често се судираат.
Струјата ги привлекува и ги забрзува овие јони и кога истите ќе се судрат ја предаваат својата енергија на молекулите на водата и така ја греат.
Проблем е што како и кај батериите електродите оксидираат или се јадат, зависи од електролитот кој се користи затоа што јоните се молекули – материја. Тоа влијае на отпорот кој го пружа електродата па системот може многу брзо да стане неефикасен.
Околу геотермалната …. постојат системи на геотермална вода кои се 100% ефикасни, проблем е само некој да каже дека постои 100% ефикасност. Ваков ситем едноставно се потчинува на законите на термодинамика за кои не треба енергија.
Да напоменам дека систем со отворено струјно коло за мене претставува голема опастност и истиот треба да се користи многу претпазливо за да не се дојде во ситуација вие да станете дел од тоа струјно коло. За таа цел гледајте да се консултирате и да увидите дека имате работа со стучни лица кои знаат што прават.
Алекандар
Поцитуван ,
ќе ве молам ако не ви е теско да објасните за електролитот , конкретно од сто се состои ама точно пример толку вода толку она толку ова фалаа поззз
Jordan Peevski
Pocituvani,
Koja firma vo Makedonija montira i izveduva Elektrolitni kotlinja i dali se dostapni na nasiot pazar.
So pocit