За жал, се почесто околу нас се емитираат микробранови. Колку е пократка должината, толку е поголемо зрачењето на енергија. Микробрановите ги уништуваат клетките и влијаат на менувањето на процесите во нив. Денес сме ја контаминирале природата со неколку милијарди пати поголемо микробраново зрачење одколку природното Законите го ограничуваат само загревачкиот ефект над човечкото тело, додека останатото озрачување не е дефинирано.Биолошкиот систем функционира преку првенствено клетките во телото. Сите индивидуални животни функции се заклучени во ДНК. Основната градба на ДНК е иста кај сите видови организми, со исклучок на некои вируси.Молекулот на ДНК е изграден од две полинуклеотидни низи, специфично извиени во двојна спирала. Секоја низа е полимер од мономерни единици-нуклеотиди. Основна структурна единица на ДНК претставува нуклеотидот. ДНК е материјален носител на информацијата.
Животот на клетките не би можел да се одржува доколку информацијата биде изгубена или неможе да се копира или испрати. Копирањето на ДНК во телото не е случајна работа, потребен е надворешен двигател. Обично како двигател се јавува некое хемиско соединение или електромагнетно поле. Во процесот на копирање на келиите ДНК молекулот ротира на секои 1/1000 секунди и тогаш електричното празнење се одвива помеѓу опфатените делови на молекулот. Тие процеси се проследени со електромагнетно празнење. Сите живи суштества користат електромагнетно поле и бранови со фрекфенција од 0 Hz до 25 Hz кај мозокот кој спие и гигахерци кај произведувањето светло во организмот. Организмите не користат штетни ниски бранови бидејќи ги уништуваат клетките. Во Универзитетот Heidelberg University откриле дека растенијата имаат едноставни – прости емоции и едноставен – прост нервен систем. Хемиското соединение кое е нестабилно, кај растенијата е слично на неуротрансмитерот на нашиот мозок! Оваа хемикалија издава наредби за мирување, фотосинтеза, отфрлање на лисја и сл.Многу научници сѐ уште тврдат дека микробрановите не се опасни, но и има и сѐ повеќе такви кои го тврдат и чувствуваат спротивното. Нашата планета, односно природа, има своја Шуманова фрекфенција од 7,8 Hz и секоја клетка во секој жив организам ја употребува како референтен систем. Човекот емитува од 7 до 9 Hz. Кога сме здрави и ментално стабилни емитираме 7,9 Hz. Замислете го човекот во средина каде што реферетниот систем, односно системот за поредување е загаден. Тоа значи труење и токму на тоа се изложуваме. Покрај природните електромагнетни бранови, брановите кои ги произведува човекот се милијарда пати посилни со една правилна фрекфенција, поларизирани и модулирани. Сето тоа наведува на попречување на билошките системи.
Спред тврдењата на поборниците за зачувување на животната средина има повеќе случаи на уништени биосредини од EMR, како што се шумски подрачја во северна Канада, од радарите поставени да ги набљудуваат советските авиони, дабовата шума во северна Виена, шумата кај франкфуртскиот аеродром. Овие случаи, според нив, владее молк затоа што ќе треба да се лаќаат големи отштети. На 30–ти март, 1987, во Германија е испратен допис до министерствата за телекомуникации, животна средина и нуклеарна безбедност за разгледување на ова прашање. Постојат и тврдења дека дека руските радари уништувале растенија на одалечени на соседни острови, а токму тие фрекфенции ги презела и војската на САД како најефикасни за радарите.
Извор: www.energetika.com.mk/evesnik/e-vesnik9.pdf