Со оглед на цените на нафтата и на нафтените деривати, се повеќе и повеќе луѓе се вртат кон хибридни и автомобилите на струја. Сепак, за повеќето луѓе тие се прескапи. Но, можно е за мали пари да направите сопствен автомобил на струја и не е толку комплицирано како што повеќето луѓе мислат. Пред да се зафатите со еден таков проект мора да знаете кои се главните делови кои ви се потребни за автомобил на струја.
Пред сè ви е потребно автомобил кој има здрава школка, а кој не е во употреба поради стар или расипан мотор. Во Хрватска ги искористија популарните пегличиња, додека во Србија за таа цел искористија шасии од југа. Она што е типично за двете е што се релативно лесни и што и ако немате сопствен стар автомобил, може да ги набавите за евтини пари. Па дури и старо фичо лесно би послужило за пренамена во автомобил на струја. Генерално правилото е „што полесно и поевтино, тоа подообро”.
Моторот
Кај класичните дизел и бензиниски мотори поголемиот дел од цената отпаѓа на моторот, додека кај автомобилите на струја тоа не е случај. Кај електро – автомобилите на моторот отпаѓа само мал дел од вкупната цена. Електромоторите се со значително поедноставна конструкција од моторот со внатрешно согорување. Модерните бензински и дизел мотори се состојат од буквално илјадници делови додека кај електромоторите имаме само три до пет подвижни делови што ги прави поиздржливи и потрајни, речиси и да не е потребно некакво одржување за истите. Немаат воздушни или маслени филтри или други потрошни материјали кои одвреме навреме мора да се заменат. А и впрочем се мошне помали и полесни.
Постојат повеќе видови на електромотори кои се разликуваат по конструкцијата и по принципот на работа. Генерално се делат на две големи групи: на еднонасочни мотори (DC) и на мотори кои работат на наизменична струја (AC). Секоја од овие групи после се дели на други подгрупи. Така имаме еднонасочни мотори со трајни магнети, мотори со сериска, паралелна или комбинирана возбуда, синхрони мотори, асинхрони мотори. Секој од овие видови се разликува според напонот потребен за работа, степенот на искористеност, кај наизменичните фреквенцијата на струјата итн. До неодамна еднонасочните мотори беа тие кои беа воглавно користени за придвижување на електро-возилата. Но, денес сè повеќе и повеќе тие се истиснати од наизменичните мотори кои според конструкцијата се поедноставни, но се нешто покомоплицирани во однос на управувањето. Елетромоторите се управуваат со контролер. Повеќе за составните делови во утрешниот текст.
One Comment
Igor
Дали можеби мислевте на електричен автомобил, а не на електронски?
И дали можеби прво треба да помислиме на електрични велосипеди?