About the author

Related Articles

5 Comments

  1. 1

    Marko

    Баш пред некој ден ми се скрши штедлива светилка (со жива). И ми текна дека нема кај да ја фрлам безбедно. Ја фрлив во кантата заедно со храната. Исто така нема ни батерии кај да се фрлат. Среќа имаме отпади и старо купувам но тоа ни од далеку не е правото решение.

    1. 1.1

      Атанасовск

      Здраво Марко, Во тек е кампања за електронски отпад и би требало да се изнајди некој модел за решавање со електронскиот отпад. Се надеаваме и ние исто дека ќе бидат предложени некои квалитетни решенија за овој проблем. И уште побитно се надеваме дека ќе се изнајдат решенија кои ќе бидат имплементирани во пракса а нема да останат само на хартија.

  2. 2

    Devil

    Веќе имаше некој гласини за ваков отпад во Македонија, но на крај излезе дека тоа е само трошење на скапоцено време за џабе…
    https://e-otpad.mk/blog/78-sto-e-e-otpad.html

    Откак исконтактиравме со организацијата од веб страната и после долги разговори стигнавме до заклучок дека ова е нешто што сега за сега нема да работи во Македонија.

    Ние (Македонски Форум за Електроника https://elektronika-mk.net) бевме подготвени да соработуваме и да го поддржиме овај проект, но на крај испадна дека нема да работи.

    Секогаш кај нас се наоѓа некој електроничар на кој му е потребен резервен дел за одреден уред. Најчесто резервните делови за некои уреди да се порачаат од странство се прилично скапо, па поради таа причина нас повеќе ни се исплаќа делот да го извадиме од одреден расипан уред (се разбира доколку тој дел не е расипан)…

    Нудевме рекламирање на страната за џабе на нашиот форум, но по дискусија со редакцијата/ организацијата од сајтот се утврди дека нема да работи овај проект.

    1. 2.1

      Атанасовск

      Мислам дека има начини за да се преземи нешто во врска со електронскот отпад. Не сме нити први а ни последни кои се справуваат со ваков вид на проблеми. Без разлика што ќе направи организацијата којаја води таа камапања мислам дека треба да има дебата за овој проблем и меѓу сите нас. Мило ми е дека го напишавте вашето мислење навистна ни значи вашето мислење посебно што доаѓа од некои кои се занимаваат со електроника и кои секојдневно се среќаваат со електронски отпад.

  3. 3

    GigaWatt

    Јас мислам дека ова чудо може да проработи само ако повеќе луѓе отидеме до канцелариите на ова владина организација и побараме транспарентно да се каже каде е тој електронски отпад, дали воопшто постои или не, дали е само идеја, до каде е разработена, итн. Ианку, не верувам дека преку mail ќе добиеме директен и точен одговор. И јас се допишував со една нивна претставничка (најверојатно од PR беше) и реално гледано, не добив никаква валидна повртана информација. Целиот разговор беше на база „правиме ова, правиме она“… типични одговори од валдина организација или институција, а кога дојде муабетот до локацијата на отпадот, соговорничката само ми посочи некои фирми (како Duna Computers) кои вршат откуп на стари компјутери и ти ја намалуваат цената на новиот компјутер, а стариот оди на тој (некој си, не знам ни јас кој, не ми спомна) отпад за електронски уреди. Локацијата сеуште не ја знам, иако исто како и Devil и јас сум заинтересиран за тој отпад бидејќи најчесто стари уреди се неизмерно богатсво од делови за електроничари хобисти, но исто така и за сервисери (доста често не може да се најдат делови за поправка на определени уреди кои сеуште би работеле доколку може да се најде делот во продажба, но често се случува да го нема, дури ни со специајлна нарачка да не може да се најде). Како и да е, од целиот тој муабет преку mail со претставничката на таа организација, јас заклучив дека или тој отпад постои, но неговата локација не се кажува на јавноста (што е е нелогично, па од таму следува дека најверојатно не е вистинито) или тој отпад не постои и едноставно овој проект е само на хартија и е пропадната инвестицја, како и многу други проекти. Поентата ми беше дека не ми е проблем да платам за деловите што ќе ги земам од тој отпад (јас ова го посочив во mail-овите кои ги разменив со претставничката), баш напротив, среќен би бил кога тоа што ми треба би го нашол таму и со задоволство би платил определена сума на пари која не е превисока (на пример, 100 денари за цела шасија од некој TV приемник). Ако ова го прават барем 100 луѓе (што сум сигурен дека ќе се најдат), тој отопад ќе живее и скоро секогаш ќе биде празен, или ако не, барем полупразен. Но, за жал, изгледа се ќе остане само на зборови.

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency