„Елоксирање“ е жаргонски назив за процес на површинска заштита на алуминиум од корозија. Називот е всушност акроним од англиските зборови:
EL (elektrolytical) OX (oxidation) of AL (aluminium)
Самиот процес се базира на електрохемиска метода на анодна оксидација. Самиот алуминиум кородира и на него се формира еден танок слој (од околу 1 микрон) на алуминиум оксид кој што го штити од понатамошната оксидација. Тенкиот слој не е доволен за понатамошната заштита а исто така од естетска страна не е пожелен. Поради ова алуминиумските профили дополнително се оксидираат, каде што дебелината на заштитниот слој се зголемува од 12 до 30 микрони.
Овој процес се прави во специјално дизајнирани кади со следни димензии: 6m’ x 1m’ x 2,5m’. Истите кади се поставени една до друга, наполнети со хемикалии и го следат технолошкиот процес. Над поставените кади се наоѓа кран кој што манипулира со профилите,.
Целиот процес се одвива по следна технологија:
- Механичка припрема – се елиминира природниот оксид
- Одрастување на масти. Ова се прави со помош на посебни детергенти на температура од 65-75 C , t = 10 мин.
- Обработка со каустична сода на температура од 40 – 60 C ,t = 5 мин.
- Неутрализација во азотна киселина
- Анодизација во сулфурна киселина на температура од 18 C, t = 50 мин. Со овој процес се создава тенок филм на алуминиум оксид . Овој процес се одвива во електролит кој што се состои од сулфурна киселина растворена во вода. Во ваков раствор се пропушта еднонасочна електрична енергија на алуминиумот така да алуминиумот станува позитивна електрода – анода а негативната електрода (катода) е друг соодветен метал. Поради електричната енергија, сулфурната кислина почнува да се разложува, водородот се издвојува на катодата, а негативниот наелектрисаниот кислород и сулфурните јони (катјони) се на алуминиумската анода. Квалитетот на анодниот слој зависи од квалитетот на алуминиумот Al99,5 (легура AlMgSi0,5, AlMg1, AlMg3 популарно се нарекуваат ЕЛОКСАЛ квалитет)
- Боење во метална бања. Оваа фаза може да се прескокне доколку се бара природната боја на алуминиумскиот профил.
- Затворање на порите
Површинскиот слој на алуминиумот се претвора во стаклено кристална превлака. Препорачана дебелина за алуминиумските профили од кој што се прават прозорци, врати и слично е 20 микрони и е доволна за надворешната употреба. Потенките слоеви не се отпорни на оштетувања додека подебелите слоеви е премногу крути.
Бојата се движи од природната боја на алуминиумот до бронзени нијанси до црна боја. Можно е боење во златни тонови но оваа боја не е постојана. Со посебни процеси можно е боење во сина, црвена или зелена боја. Боењето се прави о неоргански пигменти на база на кобалт, манган или поретко со органски пигменти.
Елоксираниот алуминиум е отпорен на киселини но од друга страна не е отпорен на бази. Па така доколку нанесувате малтер или пак креч на Вашата фасада, истите материјали не дојдат во контакт со алуминиумската дограма. Американските и европските стандарди не дозволуваат помали оштетувања на самата површина на елоксираниот алуминиумскиот профил.