Никола Војновски aka ExtremeBt, дизајнер и аниматор, Senior Flash/Flex Developer во Invideous Limited, со-основач на Mafia.mk во слободно време го реставрира своето BMW 315, модел E21 од 1981 година, па во разговор со него зборувавме за употреба на LED светилки наместо предни халогени светла (за нешто слично пишував овде) каде што ми кажа дека сам направил позициони светла од отпорник, лед диода и старо позиционо светло, по што му предложив својот проект да го престави на нашиот портал и тој веднаш прифати.
Бидејќи една слика може да замени многу зборови, решив голем дел од самиот проект да го прикажам со илустрација и фотографии. За реализација на следниот проект се потребни следниве елементи:
– позиционо сијаличе (старо, може и прегорено)
– бела LED диода (средна големина)
– отпорник 670 оми
– божур трака
Изработка:
– Се зема позиционо сијаличе од автомобил, се крши стаклото, се отстранува делот внатре, да остане само металното куќиште 🙂
– Раководејќи се според шемата десно на сликата, се лемат елементите како
што е прикажано десно.
– После лемењето, делот каде што е отпорникот се изолира со божур трака.
Изглед на крајното LED сијаличе:
LED позиционото светло беше монтирано десно. Разликата е воочлива:
Иако тој во слободно време работи на своето BMW, направените позициони светла ги испроба на горниот мерцедес.
На крај влијанието на овој проект за енергетската ефикасност, иако изгледа мало, сепак ако ова се мултиплицира кај сите автомобили и сите светилки се променат, ќе настане заштеда на енергија до 90% со што значително може да се намали емисијата на CO2 во атмосферата поради намалена работа на моторот и помала потрошувачка на енергија.
One Comment
Ivica
Зошто да се малтретирате? Јас купив две позициони ЛЕД Светилки од интернет за некои стотина денари. Ем нема малтретирање, ем има 5 диоди на една светилка и времето ќе си го зачувате.
Еве линк за оние што сакааат да купат вакво нешто
https://dx.com/p/t10-5050-5-smd-blue-1w-car-light-bulb-dc-12v-pair-135434?item=25