Кога ја споменеме Данска веднаш помислуваме на познатите фудбалери браќата Лаудруп. Исто така, Данска нѝ асоцира на добро уредена држава која води сметка за секое поле и област. Во поглед на енергетската ефикасност и енергетиката, Данска има енергетска стратегија до 2050 година. Стратегијата предвидува потполна независност на Данска од фосилните горива. За да ја оствари таа цел Данска веќе реализира голем број на проекти од областа на ефикасно трошење на електрична енергија.
Еден од реализираните проекти е тотална реконструкција на Општинската зграда во градот Архус (Aarhus). Зградата е реконструирана според пропишаните градежни норми за изградба на енергетски ефикасни згради од 1 класа. Според овие норми зградата ќе и веќе користи мало ниво на енергија.
Што е направено со зградата?
Прво, на веќе постојната зграда е додаден уште еден кат. Фасадата е покриена со стакло, кое ќе го регулира ладењето и затоплувањето на зградата во зависност од временските услови – сезоната. Покрај тоа, на ѕидовите е додадено 400-600 милиметри на изолационен материјал, а како шлаг на тортата, на кровот на зградата се поставени сончеви ќелии во површина од 90 метри квадратни. Ќелиите се поставени на јужниот дел на зградата. Овие ќелии ќе обезбедат околу 6000 kWh на електрична енергија во текот на цела година.
Кои се придобивките од ваков вид на инвестиција?
Пред сѐ, самиот град Архус ќе заштеди 85,000 kWh електрична енергија и околу 20,3 тони на CO2. Значи, како што можеме да видиме, ем што ќе остварат економска заштеда, ем даваат голем еколошки придонес. Зградата е завршена на 15 јуни 2010 година.
Еве пример за македонските општини како следејќи го примерот на Данскиот град Архус можат да заштедат електрична енергија, и да ја заштитат човековата околина. Ефектите сигурно ќе бидат поголеми земајќи го предвид фактот дека Македонија има знаќително поголем број на сончеви денови за разлика од скандинавска земја како што е Данска.