Во тек е одржувањето на Саемот на градежништво 2012 па не е лошо да се направи еден осврт на квалитетот на градбите во однос на нивната енергетска ефикасност и топлински карактеристики.
Термографско снимање
Термографско снимање, или инфрацрвена термографија еметод на мерење на температурата и нејзината рапределба по површината на зградата. Принципот зад оваа метода е едноставен – секое тело кое се наоѓа на температура над апсолутна нула (-273.15°C) емитира електромагнетни бранови во инфрацрвениот спектар. Ова својство овозможува брза квалитативна процена на термичката состојба на зградата.
Инфрацрвената термографија во градежништвото најчесто се користи за контрола и надзор на новите градби или при санација на старите. Најчесто се применува со цел откривање на неправилности на структурата на зградата, како што се:
- Топлински мостови
- Оштетувања на фасадата
- Одредување на подрачја со зголемена влага
- Пропустливост на структурата во комбинација со blower door тестот
Мерење на влага
Во цврстите делови од градбата, влагата може да се појави на површината или во внатрешноста на конструкцијата поради оштетувања, дотраеност или пропусти во изградбата.
Мерењето на влагата се применува пред сè за: анализа на појавата на мувла заради кондензација на влага во станбени згради, откривање на хигроскопна влага заради салинизација или откривање на микролокации на протекување.
Користа од мерење и анализа на влагата во еден објект е повеќекратна, бидејќи:
- Појавата на габи и мувла е штетна за здравјето
- Заради пропаѓање и уништување на градбата се трпат материјални штети
- Протекување на вода од доводната/одводната инсталација доведува до големи загуби како и оштетување на објектот
Оваа метода често се користи во комбинација со инфрацрвената термографија.
2 Comments
Dimcevski Aleksandar
Pozdrav
Dali ima nekoj vo Makedonija ured za termogravsko snimanje?
Предраг Стојковски
Здраво Александар,
Контактирај го Цепросард, тие имаат опрема за термографско снимање.
Поздрав и продолжи и понатаму да не следиш!